Фина регулација на струјата

Почитувани,
Имам прашања во однос на написот "Извор на константна струја" од Емитер бр. 10/2011: https://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3827
Можете ли да ми кажете во колкави чекори би била струјната регулација на уредот?
Мене ми треба пофина контрола на регулација во опсегот од 1mA до 20mA бидејќи сакам да го применам во апарат за сребрена вода.
Ви благодарам,
Иван Треневски

Регулацијата на струјата во наведеното коло е континуирана и се врши со потенциометар. Нагодувањето може да биде прилично прецизно ако на потенциометарот поставите изгравирана скала. Вториот начин е наместо потенциометар да поставите делител на напон со преклопник со повеќе положби и соодветни отпорници, при што вредноста на струјата за секоја положба може прецизно да биде одредена со вградените отпорници (металфилм со толеранција 1% или помала).
Сите други податоци ги имате во написот, вклучително и тоа кои вредности треба да се сменат за да се добие регулација до 20mA. Наведениот број, ако го немате, можете да го набавите од редакцијата: https://emiter.com.mk/prethodni.php
Слободан Таневски