Рубрика: Архитектура и градежништво
Рекреативни базени
Автор: Ѓорѓи Котевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Изградбата на рекреативни базени денес станува сè почеста инвестиција во урбаните средини. Покрај рекреативната функција, со нивната изведба се тежнее да се збогати декорацијата на интериерниот и екстериерниот простор. Современите градежни материјали овозможуваат изведба на разновидни базени по форма, кои се декорираат со додатни ефектни детали изведени од различен материјал. Меѓутоа, за да се проектира и изведе базен потребно е да се придржуваме кон одредени законитости и правила. Во понатамошниот текст ќе се обидам накусо да појаснам некои основни правила за изведбата на базените, било да се внатрешни или надворешни.

Зависно од големината на базенот, а со тоа и формата основно и појдовно што треба еден базен да задоволи е да не пропушта вода од него и во него. За таа цел постојат денес неколку најчести изведби, и тоа: армирано-бетонски; aрмирано-полиестерски; и комбиниран бетон-пластика. Постојат и други (пр. PVC фолија, но тие се за помали капацитети)

Најприсутни кај нас се базени изведени од армиран бетон, на кои ќе се задржам поопширно. Откако е дефинирана големината и формата, се пристапува кон ископ на земјиштото (за внатрешни базени постапката е поинаква) во форма и длабочина приближно на проектираната. На дното насипуваме тампон и рачно или машински го набиваме до целосна збиеност и порамнетост на подната површина. Следна постапка е поставување PVC фолија на дното и целиот обем на базенот...

Во поново време изградбата на базени се сведува на монтажа на готови полиестерски базени во разновидни форми. Базените се произведуваат во специјализирани фирми кои ги изведуваат сите работи...

Изведбата на базени со комбиниран бетон-пластика е од понов датум и се чекор понапред од досега неведените...

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.