Рубрика: Автомобилска техника
Чиптјунинг
Автор: Марјанчо Шереметкоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Тјунингот на автомобили се состои од измени и подобрување на особините на многу сегменти на возилото, почнувајќи од моторот, каросеријата, потпирањето, системот за запирање на возилото и сè друго што го сочинува еден автомобил. До пред 2 децении тоа подразбираше многу механички интервенции, но денес голем дел од тјунингот се изведува преку промена на софтверот запишан во автомобилскиот компјутер, па таа активност се нарекува чиптјунинг.

До појавата на електронските контролни единици (ECU) за управување со работата на моторот, некаде во осумдесетите години од минатиот век, за да се зголеми силата на одреден тип на мотор требаше да се направат многу механички интервенции, кои никако не беа евтини и не баш достапни за секого. Со воведувањето на електронската контрола на работата на моторот се овозможи овој процес на делумно зголемување на силата да се поедностави и воедно да биде поевтин.
Во секоја електронска контролна единица (ECU, автомобилски компјутер), која управува со работата на моторот, се наоѓаат многу интегрирани кола со различна намена - популарно наречени чипови. Во еден од тие чипови, попознат како EPROM, се сместени сите податоци кои ја детерминираат работата на моторот, значи со промена на тие податоци може да се влијае на работата на моторот. Од тука произлегува терминот чиптјунинг (chiptuning). Во текстот што следува ќе се задржиме на подобрување на перформансите преку чиптјунинг на моторите кај автомобилите за секојдневна употреба.

Една од главните алатки за проверка на добиените резултати од чиптјунингот е динамометарскиот стол

Професионален OBD интерфејс.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.