Рубрика: Аудио и видеотехника
Телепромптери
Автор: Калина С. Андонова
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Телепромптерот е уред за прикажување на текст во електронска форма промптно, инстантно пред лицето кое зборува. Користејќи го овој уред, кој практично претставува слика или табла со текст кој тече, односно се менува паралелно со зборувањето, презентерот е во можност да зборува слободно, без да размислува за содржината, бидејќи истата ја чита. Телепромптерот е спореден, помошен, но во исто време многу битен уред кој влијае на квалитетот на финалниот производ.

Кога се прави анализа на уредите кои ги содржи едно студио, сегогаш вниманието е свртено кон камерите, аудио и видеомиксетата, светлото... Но, постојат уреди кои од технолошки аспект не го свртуваат вниманието, но се многу битни за квалитетот на целокупниот производ, било тоа да е шоу програма, квиз, играна програма или вести. Такви уреди има повеќе, а во овој текст ќе стане збор за телепромптерите или како што е одомаќено на нашиве простори едно мошне неубаво име "идиот". Името е дадено со лоша намера, дури и навредлива, а сака да се потенцира дека пред камера можат да застанат и да зборуваат и луѓе кои немаат добра меморија, кои не се елоквентни итн. Во сето ова нема вистина, бидејќи телепромптерот е уред кој му помага на оној пред камерата да изгледа самоуверено, да воспостави близок контакт со гледачите, а не да мисли само на текстот и на податоците кои мора да ги каже. Отпор кон овој уред имаше и во Македонската телевизија, која беше прва и единствена телевизија на овие простори во седумдесетите години на минатиот век. Презентерите го одбегнуваа плашејќи се од реакцијата на колегите и другите структури да не помислат дека не ги бидува, па им се потребни помагала од овој тип. Сè се смени кога стигна информација дека во рускиот парламент се набавени неколку вакви уреди и дека нив ги користи претседателот на владата и министрите. После оваа информација сите го бараа и беа многу лути ако некогаш имаше дефект и не можеа да го користат.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина