Рубрика: Аеронаутика
Авионски трки во Рино
Автор: Александар Тошоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Авионските трки во Рино, Невада, САД, познати и како Авионски трки за националниот шампионат се одржуваат на аеродромот Рино Стед (Reno Stead Airport). Трките се одржуваат еднаш годишно во септември и со право се рекламираат како "најбрз мото–спорт во светот".

Националниот шампионат на САД за авионски трки во САД почнал во 1920 година. Тој бил организиран под покровителство на новинскиот магнат Ралф Пулицер (Ralph Pulitzer) и Армијата на САД, а се натпреварувале воени авиони. Првиот Национален шампионат се одржал на аеродромот Рузвелт Филд (Roosevelt Field) во близината на Њујорк. Тој траел десет дена. За тоа време се одржале повеќе натпревари во различни дисциплини: летови на едрилици и цепелини, падобранство, демонстрациони летови и друго.
После неколку промени на локацијата и концепцијата на трките, како и после неколку паузи, денес трките се одржуваат во Рино, а нивен главен спонзор е швајцарската фирма за часовници Брајтлинг (Breitling). Трките се одржуваат во следните класи:
Неограничена: Во оваа класа учествуваат авиони со клипен мотор со минимална маса од 2050 килограми.
Формула еден: Авионите во оваа класа се придвижувани со клипен мотор Континентал О 200 со силина од сто коњски сили, истиот мотор се користи во авионот Цесна 150.
Двокрилци: Во оваа класа учествуваат акробатски двокрилни авиони.
Т6: Т6 Тексан (Texan) бил напреден тренажен авион на Американското армиско воздухопловство, во употреба од 1935 година до шеесетите години на минатиот век.
Спортска класа: Во оваа класа учествуваат авиони од самоградба.
Млазни авиони: Оваа класа била воведена во 2002 година и тука учествуваат школско-борбени млазни авиони купени од воените вишоци од страна на цивили.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.