Емитер 2/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Речиси кај сите уреди опишани во ЕМИТЕР изворите за напојување се изведени како мостни (Грец) насочувачи после кои следува електролитски кондензатор со голема капацитивност во функција на филтер. Овој кондензатор го ''пегла'' пулсирачкиот напон на излез од мостниот насочувач и го прави погоден за напојување на уредите. Во овој текст ќе се запознаеме со уште еден начин на филтрирање на напонот кај насочувачите, со примена на филтерска пригушница.
Филтерската пригушница поретко се сретнува кај склоповите за напојување реализирани со класични мрежни трансформатори и мостни насочувачи. Тоа е поради фактот што сосема добри напојувачки блокови може да се реализираат само со употреба на филтерски кондензатори. Но, тоа не значи дека пригушницата никаде не се употребува. Кај класичните извори за напојување пригушница се употребува во случаи кога од изворот се бара голема струја. Кај високофреквентните прекинувачки напојувања со BUCK топологија употребата на пригушницата е неизбежна.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.