Емитер 12/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Како што најчесто се случува, новиот и брз компјутер со текот на времето почнува да ги губи своите перформанси и да работи побавно. Причините за ова можат да бидат разновидни, почнувајќи од големиот број на инсталирани програми и сервиси, па до разни малициозни програми. Сепак, ретко кој помислува дека оваа појава може да биде и поради застарените и веќе несоодветни управувчаки програми – драјвери за постоечкиот хардвер. И додека редовното ажурирање на оперативниот систем или на антивирусните програми се одвива автоматски, проблемот со пронаоѓање и со инсталирање на драјверите корисникот мора да го изврши сам или, пак, со некоја соодветна алатка. Една од нив е и Driver Detect 6.4.1.3.
Бидејќи самото барање на драјвери по интернет може да значи часови и часови "гуглање" и останување доцна во ноќта, а, сепак, со неизвесна завршница, најдобро е да искористите некој специјализиран програм за таа намена. Driver Detect е одлично парче софтвер кое може да ви заштеди многу труд и време.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.