Рубрика: Информатика
Microsoft Security Beta Essentials
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Гигантот Microsoft во својата палета на производи има софтвер за разни намени. Можеби затоа и не е чудно што овој пат програмерите од Редмонд се испробаа во делот за компјутерска сигурност. А зошто и да не, ако тргнеме од фактот дека тие самите и најдобро ги познаваат своите оперативни системи и можните пропусти во нив. Се работи за пакетот Microsoft Security Essentials Beta кој е наменет за заштита од вируси, тројанци, црви, спајвер и други малициозни штетни програми.

Microsoft Security Essentials Beta, како што кажува и самата ознака Beta, не е конечен производ и најверојатно ќе претрпи соодветни промени, с# во зависност од ефикасноста која ќе ја покаже во пракса. Испитувањето на софтверот од страна на корисниците воопшто нема да биде проблем, имено, се работи за бесплатен производ кој мо‘е да се симне од сајтот на Microsoft, односно на следнава адреса http://www.microsoft.com/Security_essentials/. Да напоменам дека за инсталација е потребна и интернет-конекција, а ако немате валидна копија, значи ако користите пиратска верзија од Windows, воопшто и не обидувајте се, само ќе си направите проблем.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.