Рубрика: Информатика
Acer Ferrari 3400
Автор: Костадин Солаков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2005.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Еден од водечките производители на преносни компјутери, американската компанија Ејсер (Acer), неодамна на пазарот го претстави најновиот модел на преносен компјутер, Acer 3400, кој ја продолжува линијата брендирана со името на познатиот производител на спортски автомобили Ферари (Ferrari). Овој модел ја продолжува традицијата на прибирање на едно место на она што во моментот претставува технолошки врв и тоа спакувано во куќиште со елегантен дизајн, што воедно е и заштитен знак на заедничкиот проект на овие две компании кои работат во различни индустрии, но и двете се карактеризираат по тоа што многу вложуваат во истражувањето и иновациите. Ferrari 3400 е базиран на најновиот 64-битен AMD процесор (AMD Athlon 64 3000+), кој е единствениот процесор за преносни компјутери што ја поддржува оваа нова 64-битна технологија.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.