Рубрика: Астрономија и астронаутика
Небото над Македонија во јануари
Автор: Андреја Бабамов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2005.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Овој месец во потполност ќе можеме да уживаме во убавините на најчистото и најпримамливото од четирите сезонски неба - зимското. Лесно забележлив во текот на претходните месеци т.н. "зимски шестоаголник" во јануари ќе царува со небото во текот на целата вечер. Него го сочинуваат шест сјајни ѕвезди, по случајниов редослед: Сириус (Големо Куче), Ригел (Орион), Алдебаран (Хијади, Бик), Капела (Кочијаш), Полукс и Кастор како една ѕвезда (Близнаци) и Прокион (Мало Куче). Со Орион во неговото срце, овој дел од небото е најбистар и прекрасен, па гледан надвор од населено место, просто го одзема здивот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2005. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.