Рубрика: Металство и машинство
Апкан - направа за виткање на лим (2)
Автор: Кирил Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во претходниот број видовме како се изработува горното крило на направата за виткање на лим (апкан). Иако, наизглед, сме направиле малку, всушност, сме завршиле голем дел работата. Како што ќе видиме во текстот што следува, горното крило ја одредува позицијата на останатите елементи од направата и затоа неговата изработка заслужуваше посебно внимание. Сега ќе ја комплетираме направата со долно крило и статив.

Пред да почнете да го апканот справата треба да знаете дали можете тоа да го изведете како што треба. Што се однесува до цената на апканот таа не е голема. Со оглед на тоа дека масата на целата направа не надминува 30 kg а повеќето материјал може да се набави на отпад, тоа се 30 kg x 25 ден. за килограм железо (во најнеповолен случај) = 750 ден. За тие пари нема ни поквалитетни универзални клешти. Од друга страна, пак, ако добро го изработите апканот тој ќе стане вредна алатка во вашата работилница. Со оглед на тоа дека направата е наменета за електроничари- хобисти, а треба да ја изработи некој кој има искуство во браварски работи, размислете пред да почнете дали тоа ќе го работите вие или ќе побарате помош од некој повешт од вас.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина