Емитер 2/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Дали сте загрижени поради улични мачки и кучиња што демнат и влегуваат во вашиот двор или вашиот љубимец бара силно "убедување" за да остане во некој ограничен простор? Или можеби сте сопственик на живинарска или сточарска фарма и имате проблем да ја задржите живината и стоката во оградениот простор? Овој генератор на висок напон може да биде решение за вашиот проблем. Едноставниот генератор, изработен со познатиот тајмер 555, неколку стандардни компоненти, и една стара бобина, наменета за палењето во автомобилите, се доволни за изработка на ова електронско коло со многу ниска цена.
Оние кои со електроника се занимаваат од седумдесеттите години од минатиот век, можеби ќе се присетат на расположивите струјни кола, во тогашните домашни и странски списанија за електроника. Еден од поилустративните дизајни (се мисли на проект) од тоа минато време беше т.н. "Наелектризирано жичено коло". Сега по повеќе од 30 години, го презентираме во нашиов проект, врз основа на успешната стара идеја, но во пософистицирана изведба. Се разбира, наелектризираните жичени кола, можете да ги купите на пазарот, ако ги најдете кај нас. Меѓутоа, како и секогаш, домашната конструкција е позабавна и поинтересна за изработка. Поради тоа, мислам дека на секој електроничар, ако има потреба од ваков уред, ќе му биде многу позабавно и поинтересно да го изработи сам.
Можност за избирање на енергијата на празнење помеѓу 250mJ и 450mJ; Мала потрошувачка на струја: 24mA и 150mA во зависност од избраната енергија на празнење; Долго време на експлоатација (користење) на акумулаторот: 50 или 8 дена во зависност од енергијата на празнење (со користење на 45Ah акумулатор и 2/3-ко празнење); 1,5s време помеѓу импулсите (лесно нагодливо со помош на вредноста на отпорникот R6); Време на траење на импулсот се избира помеѓу 16,5ms и 31ms; Потрошувачка на струја на контролната електроника: max 1,6mA.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 2/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.