Рубрика: Астрономија и астронаутика
57 години откако Орелот успешно слета во Морето на тишината
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 20.07.2026 - 19:00

На денешен ден, далечната 1969 година, двајца астронаути го исполнија првиот дел од нивната мисија – безбедно и успешно слетување на површината на Месечината. Додека третиот член од екипажот Мајкл Колинс, трпеливо ги чекаше во орбитата за враќање нзад на Земјата, Нил Армстронг а потоа и Баз Олдрин ги направија првите чекори на површината. Иако изминаа повеќе од половина век од овој историски подвиг на мисијата Аполо 11, фактот што за првпат човечка нога стапна на друго небеско тело многумина сѐ уште се обидуваат да го оспорат. А сепак,...

Трагите од мисијата – остатоци од лунарниот модул и опремата оставена од астронаутите на месечевото тло – не само што постојат и сè уште опстојуваат, туку се фотографирани и од повеќе независни вселенски агенции.

Науката не се потпира на едно сведоштво, туку на независни потврди. Во случајот со Аполо 11, тие доаѓаат од различни земји, различни мисии и различни генерации на вселенски летала.

Имено, освен американската Lunar Reconnaissance Orbiter, местото на слетувањето на Аполо 11 досега го снимиле и индиската Chandrayaan-2, кинеската Chang'e-2, јапонската Kaguya (SELENE) и јужнокорејската Danuri. На нивните фотографии се препознаваат локацијата на модулот Eagle, патеките по кои се движеле астронаутите и дел од опремата што останала на површината на Месечината.


Месечевиот орбитер LRO на НАСА ја направи оваа слика од местото на слетување на Аполо 11 на 29 јули 2010 година Фото: НАСА/GSFC/Државен универзитет во Аризона


Месечевиот модул на Аполо 11 виден од индискиот орбитер Чандрајан-2. Фото: Фотографија од ISRO, обработка на слика од Марти Мекгваер


Јужнокорејската сонда Данури ја направи оваа слика од лендерот Аполо 11 Фото: KARI


Фотографијата на местото на слетување Аполо 11 направена од јапонската сонда можеби и не е толку импресивна. Но, сондата Кајуга на Јапонската вселенска агенција направи прелет над местото на слетување Аполо 11 како и над поголем дел од површината на Месечината, а видеото е спектакуларно.

Понекогаш најдобриот одговор на една теорија на заговор е едноставно – уште една фотографија. А за оние што бараат и дополнителни објаснувања, препорачуваме да ги прочитате написот 55 години од првите луѓе на Месечината*, како и серијата  написи во склоп на специјалниот број на ЕМИТЕР посветен на 50 годишнината од мисијата Аполо 11 ЕМИТЕР 4-6/2019 (набавка тука)

Во рамките на написот “55 години од првите луѓе на Месечината” ќе најдете и линкови до повеќе други написи посветени на мисијата Аполо 11, меѓу кои и серијата написи “Луѓе на Месечината – подвиг или измама?” посветена на разобличување на митот дека целата мисија била лажирана.

Клучни зборови:
Месечевиот модул на Аполо 11 виден од индискиот орбитер Чандрајан-2

Месечевиот модул на Аполо 11 виден од индискиот орбитер Чандрајан-2. Фото: Фотографија од ISRO, обработка на слика од Марти Мекгваер

LRO на НАСА ја направи оваа слика од местото на слетување на Аполо 11 на 29 јули 2010 година

Месечевиот орбитер LRO на НАСА ја направи оваа слика од местото на слетување на Аполо 11 на 29 јули 2010 година Фото: НАСА/GSFC/Државен универзитет во Аризона

Јужнокорејската сонда Данури ја направи оваа слика од лендерот Аполо 11

Јужнокорејската сонда Данури ја направи оваа слика од лендерот Аполо 11 Фото: KARI