Рубрика: Телекомуникации
Книгата ‘Guerrilla portable’ достапна во е-продавницата на Емитер
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 22.04.2026 - 17:30

Кон крајот на минатата година од печат излезе изданието на англиски јазик на книгата ‘Guerrilla Portable – A Guide to Ultralight Outdoor Amateur Radio’ од авторот Владимир Ковачески (Z35M), дело посветено на ултралесниот радиоаматерски портабл на отворено. Книгата за кусо време е продадена во 20 земји на три контитенти, a минатата година беше објавено и изданието на македонски јазик со наслов ‘Герила портабл – радиоаматерски активности на отворено’.

‘Guerrilla Portable’ е водич за ултралесен радиоаматерски портабл, заснован на минимализам, брзина, ефикасност и независност од инфраструктура. Во него е прикажан радиооператорски стил што се потпира на едноставна, лесна и функционална опрема, применлива од речиси секоја локација.

Книгата го поврзува радиоаматерството со авантуристички пристап, при што речиси секоја локација може да стане работна позиција. Овој стил е опишан како умешност за постигнување значајни радиоаматерски резултати со едноставна опрема, преку креативност, импровизација и постојано истражување.

‘Guerrilla Portable’ се темели на повеќе од една и пол деценија активно занимавање со кусобранов радиоаматерски портабл, во чии рамки авторот има реализирано преку 1300 активирања од отворено, од различни природни и урбани локации.

Владимир Ковачески е долгогодишен соработник на списанието ЕМИТЕР кадешто објавува радиоаматерски написи уште од 1996 година. Воедно, тој е автор и на книгата ‘Радиоаматерство’ во издание на ЕМИТЕР.

Од сега, електронското издание на книгата Guerrilla Portable е достапно и преку е-продавницата на Емитер, по цена од 490 денари.

Клучни зборови: