И покрај сите свои напредоци, ChatGPT се чини дека сè уште е помалку паметен од конзолата за игри на Atari стара речиси 50 години, барем кога станува збор за одредени задачи.
Имено, во објава на LinkedIn, софтверскиот инженер од Citrix, Роберт Карусо, објасни како четботот OpenAI „бил апсолутно уништен“ од Atari 2600 кој ја користел играта Atari Chess објавена во 1979 година, во време кога на чело на поранешната заедничка држава на југословенските народи Тито сè уште беше на чело и беше еден од светските лидери со големо влијание.
Лансиран во 1977 година, Atari 2600 – во тоа време продаван и како Atari Video Computer System, го популаризираше играњето електронски игри во домашни услови, особено откако Atari ја лансираше Pong конзолата две години претходно (за потсетување, како самите да изработите конзола за Понг можете да прочитате во ЕМИТЕР 1-2/2015).
Споменатиот систем беше лансиран приближно 21 година откако суперкомпјутерот MANIAC I стана првата машина во историјата што победи човек во модифициран шах. Со оглед на временската дистанца, би помислиле дека по изминати неколку децении нашата најсовремена технологија ќе го уништи исконскиот Atari.
Очигледно, тоа не беше случај.
„ChatGPT беше апсолутно уништен на почетничко ниво“, пишува Карусо. „Ова беше по разговорот што го имавме во врска со историјата на вештачката интелигенција во шахот, што доведе до тоа тој доброволно да се пријави за да игра Atari Chess. Сакаше да открие колку брзо може да победи во игра која ‘размислува’ само 1 до 2 потези нанапред.“
Иако на четботот му била дадена „основна табла“ за да може да ја научи играта и да ги идентификува фигурите, тој постојано ги мешал топовите и ловците, погрешно ги читал потезите и постојано „губел осет“ за позиционирањето на фигурите. За да биде уште полошо, како што објаснува Карусо, ChatGPT за неговите грешки вината ја префрлил врз иконите на Atari тврдејќи дека се „премногу апстрактни за да се препознаат“. Но, и кога играта била порефрлена на стандардна нотација, ChatGPT не покажал подобрување.
По изминати час и половина, ChatGPT „направи доволно грешки за да биде исмеан од шаховски клуб од трето одделение“, додека постојано инсистирал дека ќе победи „ако само почнеме одново“, забележува Карусо. И да, малку е морничаво што четботот очигледно се нарекувал себеси и човекот со кој се поврзувал како „ние“.
„Во меѓувреме, скромниот 8-битен енџин на Atari едноставно си го направил своето“, забележува инженерот. „Без јазичен модел. Без флеш. Само евалуација на таблата со груба сила и тврдоглавост од 1977 година.“