Рубрика: Роботика
Робот пронајден ‘мртов’ на работa
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 13.12.2024 - 16:00

Може ли вештачката интелигенција да се самоубие?

Како што роботите освојуваат сѐ повеќе сегменти од човечкиот живот, а развојот на вештачката интелигенција незапирливо напредува, се чини дека сè повеќе ќе се соочуваме со прашањето што значи да се биде робот помеѓу луѓето... и обратно. Животот и смртта на системите со вештачка интелигенција се појавуваат како сè погорливи прашања за луѓето кои живеат покрај нив.

Дали тоа беше погрешен чекор или намерен чин на самоуништување? Тоа е прашањето што вработените во градското собрание во Гуми, Јужна Кореја го поставија претходно оваа година кога еден од нивните ‘колеги’ беше пронајден неподвижен на дното на скалите. Локалните медиуми известија за инцидентот со прашувајќи „Зошто вреден државен службеник го направи ова?“ и „Дали работата беше претешка?“. Имаше на социјалните мрежи изливи на сочувство за работникот, при што интересот на луѓето го достигна пикот поради тоа  што државниот службеник всушност беше робот.

Фотографијата од чудниот настан во градското собрание во Гуми која го обиколи светот 

Некои веруваат дека тоа е првиот робот што се ‘самоубил’, односно намерно се фрлил по скалите откако бил ‘изфрустриран’ од својата работа. Сведоците тврделе дека го виделе ‘работникот’ како кружи околу областа непосредно пред несреќата, што довело до шпекулации дека тој можеби ‘доживеал емоционален слом’. Но, за намерно да се убие, роботот прво треба да ја има способноста да чувствува.

Оваа идеја честопати се среќава како книжевна тропа во научната фантастика, но дури во последниве децении технолозите и философите започнаа сериозно да шпекулираат за тоа кога и како всушност вакво нешто би можело да се случи.

Дебатата што започна во Јужна Кореја по смртта на работникот-робот се фокусираше на интеграцијата на вештачката интелигенција и машините во работната средина на човекот и дали тие треба да ги добијат истите права како и нивните колеги од крв и месо. Прашањата имаат особена тежина во оваа земја каде автоматизацијата се случува со темпо побрзо од кое било друго место на планетата.

Извештајот на Меѓународната федерација за роботика (IFR) минатиот месец откри дека Јужна Кореја стана прва земја во светот која заменила повеќе од 10% од својата индустриска работна сила со роботи. Притоа треба да напоменеме и дека само уште една земја во светот успеала да ја премине границата од 5% на замена.

Роботите наоѓаат работа насекаде во Кореја, не само во фабричките хали, тие се присутни насекаде – од кујните и рестораните до болничките операциони сали. Корејската влада гледа на интелигентните машини како на начин за справување со рекордно ниските стапки на наталитет и брзото намалување на работоспособното население.

По инцидентот во Градското собрание во Гуми во Јужна Кореја, забележани се и повеќе други инциденти на роботи кои се осомничени дека ‘се убиле’. Така, минатиот месец, требаше да се одржи настан ‘Човек против машина’ (Man vs Machine) на возачите-луѓе која требале да ги измерат силите автомобилите управувани со вештачка интелигенција. Но, натпреварот никогаш не се одржал поради тоа што роботот-тркач удрил во заштитната шина на патот кон стартната линија.

Клучни зборови:
Фотографијата од чудниот настан во градското собрание во Гуми која го обиколи светот 

Фотографијата од чудниот настан во градското собрание во Гуми која го обиколи светот