Верувањето во паранормални појави е поврзано со стресот, но само за одредени верувања. Ова се заклучоците од една студија спроведена помеѓу жителите на Велика Британија. Студијата, објавена во PLOS One, покажува дека оние со ‘традиционални’ паранормални верувања имале повисоки нивоа на вознемиреност, за разлика од оние со ‘новокомпонирани’ односно ‘new age’ верувања.
„Историски, истражувањата укажуваат дека верувањето во паранормални појави како суеверие се зголемува во време на несигурност“, вели водечкиот автор д-р Кенет Дринквотер, виш предавач на Манчестер Метрополитен Универзитетот. „Освен тоа, стресот е поврзан со намалена психолошка благосостојба“.
Истражувачите имаат и претходно истражување кое укажува дека верувањето во паранормални појави не е директно поврзано со лошото ментално здравје. Но, студиите сугерираат дека одредени видови на верувања во паранормалното се поврзани со стресот.
„Ова истражување дополнително ја истржува врската помеѓу верувањето во паранормални појави, стресот и благосостојбата“, вели Дринквотер. „Ова е неопходно затоа што вебата во паранормалното може да биде адаптивна – односно, да им помага на луѓето во справување со животните стресови“.
Истражувачите спровеле онлајн анкета помеѓу 3084 жители на Обединетото Кралство. Учесниците пополниле прашалник, наречен Ревидирана скала за верување во паранормални појави, каде што оценувале колку се согласуваат со 26 изјави кои се однесуваат на различни паранормални верувања. Учесниците потоа пополниле и прашалник на Скала на перцепиран стрес, која ги мери нивоата на вознемиреност/животни проблеми во скоро време и справувањето со нив. Обете скали се веќе утврдени мерила за верувањето во паранормални појави и стресот, соодветно.
Иако, едно друго истражување од 2000 година ја дели скалата за Ревидирани верувања во паранормалното во 7 различни категории:
• Традиционални религиозни верувања (како “Верувам во Бог” и “Постои рај и пекол”);
• Вештерство (“Црната магија навистина постои”)
• Пси (“Некои поединци имаат ментални способности за левитирање на предмети”)
• Суеверие (“Бројот 13 носи несреќа”)
• Спиритуализам (“Можно е да се комуницира со мртвите”)
• Егзотични форми на живот (“Чудовиштето од Лох Нес во Шкотска постои”)
• Претскажување (“Астрологијата е начин да се предвиди иднината”)
Истражувачите ги класифицирале првите 2 категории како “традиционални паранормални верувања”, а вторите 5 како “новокомпонирани” односно “филозофии на новото доба“. Дринквотер смета вели дека постои функционална разлика помеѓу традиционалните верувања и новокомпонираните: „дали верувањето обезбедува чувство на контрола на социјално [традиционални верувања] или индивидуално [филозофии на новото доба] ниво“.
Истражувачите откриле дека луѓето кои имале повисоки резултати кај традиционалните верувања, имале поголема веројатност да покажат поголема вознемиреност и намалена способност да се справат со неа. Но, оние кои имале повисоки резултати кај новокомпонираните верувања немале таква врска со стресот.
Според истражувачите ова можеби е поврзано со чувството на контрола. Имено, традиционалните верувања гледаат на „постоењето како управувано од сили што не можат да се контролираат“.
Истражувачите посочуваат дека нивната студија има ограничувања, во поглед на тоа што традиционалните и новокомпонираните верувања „ја отсликуваат западната, аврамска, претежно христијанска перспектива“. На пример, верувањето во ѓаволот е класифицирано како традиционално верување, додека реинкарнацијата е класифицирана како филозофија на новото доба. Дринквотер открива дека истражувачите не ги прашале учесниците во студијата за нивната религиозна или културолошка припадност.
Истражувачите исто така истакнуваат дека нивната студија не може да го утврди ефектото на причина и последица, велејќи дека е потребно понатамошно истражување на врската помеѓу традиционалните паранормални верувања и стресот.
„Иако верувањето во паранормални појави можеби само по себе не е показател за пониска благосостојба, тоа може индиректно да одразува намалено психолошко функционирање“, пишуваат тие во нивниот труд. „Од оваа перспектива, како кај согласувањето со теории на заговор, во екстремни случаи зголеменото прифаќање на верба во паранормалното може да биде симптом за неадаптивно справување со стрес“.