Една нова студија, спроведена врз глувци, го менува традиционалниот модел на кодирање и на повикување на спомените. Во реалноста процесто е помалку стабилен, но повеќе во согласност со искуството.
Откривањето на нов механизам со кој мозокот ги „освежува“ спомените, преку поврзување со претходни искуства, ни овозможува да разбереме како човечката меморија останува ажурирана во однос на секојдневните искуства стекнати со текот на времето.
Група научници од Медицинскиот факултет Маунт Синај во Њујорк (Mount Sinai Health System) покажаа, додуша на глувци, дека мозокот постојано ги ажурира зачуваните спомени вметнувајќи нови детали поврзани со најновото искуство. Резултат ќе послужи за подобро разбирање на механизмот на создавање причинско-последични заклучоци меѓу сеќавањата и се очекува да фрли светлина на она што „не функционира“ во меморијата на оние кои страдаат од некое посттрауматско стресно растројство.
Новото истражување покажува како мозокот реактивира различни сеќавања за да ги поврзе низ времето. Слика: Stellate Communications виа Maunt Sinai
Воспоставените теории за меморијата велат дека сеќавањата се формираат еднаш засекогаш за време на почетното учење и дека тие остануваат, и покрај пречките, стабилни со текот на времето – факт што ни овозможува да запомниме одредено искуство.
„Нашата работа со глувците ја покажува несоодветноста на оваа теорија, бидејќи [таа] не зема предвид како мозокот може и да складира спомени и флексибилно да ги ажурира со нови и релевантни информации. Оваа комбинација на стабилност и флексибилност во рамки на нервните групи е фундаментална за правење предвидувања, донесување на секојдневни одлуки и интеракција со светот кој постојано се менува“, објаснува Дениз Каи, невронаучник од Медицинскиот факултет Икан на Маунт Синај и еден од авторите на студијата објавена деновиве во Nature.
Каи и колегите ја следеле нервната активност на хипокампусот (дел од мозокот кој игра важна улога во формирањето на сеќавањата) на возрасни глувци со намера кои требале да стекнат нови искуства, да се одморат по тие искуства и конечно да се присетат на спомените формирани во последователните денови.
Очекувано, по секое искуство мозокот ја шифрирал меморијата и ја стабилизирал со потсетување. Меѓутоа, по негативното искуство, мозокот на глувците се присетувал не само на тој специфичен настан, туку и на спомените од претходните денови, како да барале сродни настани што ќе се надоврзат на истата трага.
Особено, во моментите на одмор по многу негативни искуства за глодарите (како што е електричен удар на стапалото во одредена експериментална средина), глувците повторно го активирале не само сеќавањето на траумата што ја претрпеле, туку и „неутралните“ и незеканувачките сеќавања од претходните денови. Феноменот се нарекува ко-реактивирање и според авторите на студијата го поттикнува долгорочното поврзување на сеќавањата во мозокот. Поинтензивните негативни настани имале поголема веројатност да ги внесат овие врски во меморијата, ретроспективно.
Овие врски помеѓу сеќавањата се формирале почесто кога глувците биле будни: донекаде изненадувачки факт, бидејќи вообичаено се смета дека складирањето на меморијата главно се случува за време на спиењето. Затоа ќе биде неопходно да се разбере дали спиењето и будноста имаат различни улоги во потсетувањето и ажурирањето на сеќавањата.
Студијата дава подинамична и поактивна слика за обликувањето на сеќавањата во човечкиот мозок: искуства кои, кога постојано се споредуваат, можат да ни помогнат да ги предвидиме ситуациите и да се подготвиме за соодветно однесување. Втората студија за меморијата, објавена во исто време во Nature и предводена од научници од Медицинскиот колеџ Бејлор во Хјустон, Тексас, укажува дека во задачите за архивирање и потсетување спомени невроните имаат помош од астроцитите, ненервни мозочни клетки и во форма на ѕвезда кои физички комуницираат со невроните, бидејќи се блиску до нив и на функционален начин.