Рубрика: Аудио и видеотехника
32 издание на ФАДФ Камера 300
Автор: Перица Поповски
Објавено на 03.11.2024 - 01:15

Иако вчера, со втората проекција, заврши 32 ФАДФ Камера 300 , сè уште не стивнуваат впечатоците од прикажаните и наградени филмови на овогодишниот Интернационален фестивал на аматерски документарен филм. Социјалните мрежи се преполни со фотографии од средбите пред, за време, и по прикажувањето на двете проекции на документарните филмови.

Во организација на филмскиот град на УНЕСКО Битола, а по повод 60 години од смртта на Милтон Манаки се одржа 32 от ФАДФ Камера 300. Инаку фестивалот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија и градоначалникот на Битола.

Согласно програмата, фестивалот започна на 1 ноември со жирирање од интернационалното жири во состав: Љупчо Петровски од Шведска (мајстор на аматерскиот документарниот филм во Македонија, статус стекнат во 1916 година ); доцент д-р Антонов Шумен од Бугарија; дипл. режисер Благојче Божиновски од Македонија; Гоце Господиновски Mакедонија и Алкиевски Возду од Грција.

Дел од атмосферата на отворањето на 32-риот ФАДФ Камера 300

Свеченото отворање на фестивалот беше во 19 часот, при што уводна реч даде Стефан Хаџи Антовски, по што официјално го отвори градоначалникот на Битола, господин Тони Коњановски.

Градоначалникот на БитолаТони Коњановски  го отвори Фестивалот Камера300

Од избраните филмови во официјална конкуренција, а според Правилникот и пропозициите, жирито ги додели следните награди:

• Гран При наградата „Плакета Милтон Манаки”, за најдобар филм на фестивалот му беше доделена на филмот „Формула на љубовта” на авторите Ноела Нечкоска и Рената Петревска-Нечкоска од Македонија;
• Наградата „Златна камера 300” ја освои филмот „Мојот сончев сон ја чека вечноста...” од авторот Славен Костов од Бугарија;
• „Сребрена камера 300” доби филмот „Јубилеј” на авторот Бојан Петровски од Шведска;
• „Бронзена камера 300” освои „Приказна од Комангуе” од авторот Јирген Ричарс од Германија;
• Сребрен медал на Уника беше доделен на филмот „Традицијата продолжува” од авторот Диме Талевски од Македонија.
• Плакета на Општина Битола за најдобра камера доби авторот Дејан Младеновиќ од Македонија, за филмот „Документарен филм за Димче Миновски”;
• Плакета за режија „Драги Савевски” му беше врачена на авторот Николај Скерлев од Бугарија за филмот „Кутија од соништата”;
• Плакета за монтажа доби авторот Бојан Петровски од Шведска, за филмот „Јубилеј”;
• Плакета за идеја „Стево Сидовски – Сидо” на авторите Миа Панов и Дејан Панов од Македонија, за филмовите „Бродот Титов Велес” и „Илинденка”;
• Плакета за репортажа доби авторот Љупчо Паунковски од Македонија за филмот „Охридските пливачки легенди”.

Заедничка фотографија на наградените

Со добитниците на медал УНИКА

Стручното жири одлучи да бидат доделени и Специјални награди-плакети на авторите Нико Вестерхоф и Маршал Усингер од Холандија за филмот „Последните домови на Бергервеси” и на авторот Николја Скерлев од Бугарија за филмот „Бесмртност на камен”

Одлуката на жири комисијата ја прочита Стефан Хаџиантоновски, а наградите ги врачи градоначалникот. 

Согласно програмата се одржаа 2 проекции – на 1 и 2 ноември, при што на денот на отворањето се проектираа 9 филмови, а следниот ден 7 филмови. Како и обично, вториот фестивалски ден имаше намалена посетеност. Делумно и поради тоа што се совпадна со верскиот празник Задушница. Големо изненадување беше масовното присуство на младите љубители на документарниот филм од битолските основни и средни училишта.

Како што е и вообичаено, по првата проекции се организира панел дискусија во однос на прикажаните филмови и беше образложен редоследот на добиените награди.

Како што бев информиран, во селекцијата влегле 32 филма од 10 земји и според изминатите фестивали се чини дека интересот за учество е намален. Но стручните лица – членови на жири комисијата, сепак имаат тешка задача, со оглед на тоа што имаше добро обработени филмови и тематски и филмски, со одлична монтажа.

Градот Битола како филмски град по 32 пат  им укажа гостопримство на авторите на филмови, стручното жири и љубителите на документарниот непрофесионален филм. Организацијата на фестивалот помина во најдобар ред, а да се надеваме дека следната година ќе се појават повеќе автори од земјата и странство, со уште подобри филмови.

Клучни зборови:
Заедничка фотографија на наградените

Заедничка фотографија на наградените

Градоначалникот на БитолаТони Коњановски  го отвори Фестивалот Камера300

Градоначалникот на БитолаТони Коњановски  го отвори Фестивалот Камера300

Со добитниците на медал УНИКА

Со добитниците на медал УНИКА

Дел од атмосферата на отворањето на 32-риот ФАДФ Камера 300

Дел од атмосферата на отворањето на 32-риот ФАДФ Камера 300

Стефан Хаџи Андоновски дава изјава за ТВ

Стефан Хаџи Андоновски дава изјава за ТВ