Рубрика: Психологија
Дали има смисла да се учи пишување со рака?
Објавено на 01.11.2024 - 13:45

Со воведувањето на таблети и компјутери во училиштата, барем навидум се чини дека пенкалата и тетратките може наскоро да станат излишни. Особено ако се има предвид дека и покрај милениумската традиција на пишување сѐ уште кога подолго време го користиме пенкалото или моливот, зглобот почнува да нѐ боли... sad Со сета технологија и со леснотијата на “типкописот” што ги уживаме во денешно време, зошто е битно да ги научиме новите генерации да пишуваат со рака?

Студијата објавена во објавена во Frontiers in Psychology, открива дека рачното пишување сепак има низа предности што не можат да се стекнат со употребата на тастатура. Имено пишувањето со рака активира поголем број мозочни клетки, зголемувајќи ја нашата способност да научиме некоја тема.

Забележавме зголемена нервна активност во мозочните региони кои се занимаваат со меморија и интерпретација на нови информации, а оваа активност игра клучна улога во процесот на учење“, објаснува авторката на трудот Одри ван дер Меер (Audrey van der Meer).

Значи, пишувањето со рака го тера мозокот да работи понапорно. И ако за момент размислиме, ќе увидиме дека е логично –  земањето пенкало и испишувањето на знаци врз лист хартија, водењето сметка за испишувањето на  секоја буква одделно, секако е понапорно отколку едноставното притискање копчиња на тастатурата.

Ракописот вклучува повеќе сетила: на тастатурата ги повторуваме истите движења со прстите, без разлика на буквата што сакаме да ја напишеме“, објаснува Руд ван де Вел (Ruud van de Weel), другиот автор на трудот.

Па, ако ви требаше и дополнителна причина за избегнување на употребата на таблети и компјутери за деца, еве ја: како што истакнуваат истражувачите, децата од предучилишна возраст треба да прават активности кои развиваат фини моторни вештини, какви што се пишувањето , цртањето, боењето или составувањето сложувалки. Понатаму, децата кои учат да пишуваат на компјутер пред да научат да пишуваат со рака мошне често потоа имаат потешкотии да ги разликуваат буквите со сличен облик, како „б“ и „о“ или "т" и "г", на пример. Ова се должи на тоа што никогаш не се обиделе да ги испишат со молив.

Пораката од експертите е јасна: „Децата пред сè мора да научат да пишуваат со рака, за да ги оформат невронските мрежи кои се основата на учењето“.

Клучни зборови: