Рубрика: Енергетика
Google е првата IT компанија што поседува нуклеарни централи
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 31.10.2024 - 18:30

За да ја задоволи огромната жед за енергија на своите центри за податоци за вештачка интелигенција, американскиот гигант Гугл направи договор за купување на неколку нуклеарни реактори. Технолошката корпорација нарача шест или седум мали нуклеарни реактори од енергетската компанија Каирос Пауер со седиште во Калифорнија, од кои првиот ќе биде оперативен до 2030 година, додека другите ќе бидат пуштени во употреба во 2035 година.

Гугл се надева дека ќе обезбеди еколошко решение за напојување на своите центри за податоци за вештачка интелигенција, кои трошат огромни количини електрична енергија.

Нуклеарните реактори се чист и постојан извор на енергија што ќе ни помогне да ги задоволиме нашите потреби за електрична енергија на сигурен начин“, велат од Гугл.

Локациите на новите електрани и финансиските детали од договорите сè уште не се соопштени. Гугл се согласи да купи вкупно 500 мегавати електрична енергија од Каирос, кој веќе гради демонстративен реактор во Тенеси, кој треба да биде завршен до 2027 година.

На електричната мрежа и се потребни нови извори на енергија за да го поддржи развојот на вештачката интелигенција, која зависи од напредокот на науката и економијата и ја зголемува националната конкурентност и економскиот раст“, ​​изјави директорот за енергија и клима Гугл, Мајкл Терел.

Брзиот развој на генеративната вештачка интелигенција, како и големите серверски центри за складирање на податоци во облак, ја зголемија побарувачката за електрична енергија. Минатиот месец и Мајкрософт потпиша договор со нуклеарната централа Three Mile Island, позната како место на нуклеарна несреќа во 1979 година. Со овој договор централата се врати во функција за прв пат по пет години. Амазон пак купи податочен центар што вече се напојува од нуклеарна енергија од Тален Енерџи.

Клучни зборови: