Замислете кога би било можно да лансираме сателити во орбитата без користење на ракети, ниту било каков погонски систем, туку инструментот или било кој товар сам да стигне во орбитата. Група на кинески научници го предлага токму тоа, да се изгради машина која ќе го користи принципот на магнетна левитација за лансирање.
Идејата е да се искористи центрифугалната сила, тоест товарот кој се лансира да е прицврстен за ротор кој ќе се врти доволно брзо така што во моментот на испуштањето, товарот да има доволна брзина за да остане во орбитата. Тие предлагаат овој систем да се изгради на Месечината; предноста е што таму нема атмосфера, па при лансирањето нема да има триење кое може да го загрее и уништи она што се лансира. Исто така, брзината која е потребна за да се постигне орбита е помала. Во однос на тоа што би се лансирало, се предлага Хелиум-3, изотоп на хелиумот за кој се смета дека е најдобро гориво за фузиони реактори и кој може релативно лесно да се добие со рударење на површината на Месечината.
Системот за лансирање би бил напојуван од сончеви и нуклеарни извори на енергија, а после лансирањето, над 70 проценти од енергијата потрошена за забрзувањето на роторот би се повратила при кочењето и складирала за повторно користење.
Системот би тежел околу 80 тони, би бил компактен и би било можно да се постави на Месечината со користење на кинеската ракета за лансирање на супер-тешки товари. Проектот би можел да се реализира во соработка со руската вселенска програма.
Главните предизвици за реализација на проектот се поставувањето на површината на Месечината, стабилноста при високоте брзини на ротација, и посебно, испуштање на товарот, како и оторноса на ниските температури месечевата прашина и вселенското зрачење.
Извор: Interesting Engineering
Подготвил: Александар Шулевски