Влакнестите LED или Fi-LED ќе овозможат креирање на меки светлосни дисплеи што ќе можете буквално да си ги облечете. За овој ‘потфат’ истражувачите користеле перовскитни квантни жици за изработка на конци што можат да светат во која било боја.
Тимот со седиште на Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг ги изработиле нивните Fi-LED диоди со обложување на тенки алуминиумски влакна со материјал заснован на алуминиум наречен порозна алуминиумска мембрана. Потоа ги исполниле порите од овој материјал со претходникот на метал-халид перовскит, еден вид кристален материјал со необични оптички и електронски својства.
Процесот на растење и жарење
По жарењето (нормализацијата), тимот добил перовскитски квантни жици. Овие тенки, свитливи, растегливи и водоотпорни влакна можат да светат во една од 3 различни бои: црвена (со светлосна бранова должина од 625 нанометри), зелена (512 нанометри) и сина (490 нанометри).
Тие ги искористиле влакната за изработка на неколку различни светлосни слики, вклучително и сцена од пристаништето Викторија во Хонг Конг.
„Нашиот иновативен пристап за фибер-LED отвора нови можности за производство на неконвенционални 3D-структурирани извори на осветлување, што го отвора патот кон напредни технологии за дисплеи за носење“, вели водечкиот истражувач професор Жијонг Фан (Zhiyong Fan).
Истражувачите се надеваат дека дополнително ќе ја подобрат стабилноста и спектарот на бои на жиците и дополнително ќе ги истражат можностите за нивно интегрирање во ткаенини.
Резултатите од истражувањето се објавени во Science Advances.