Веќе сме среде топлотниот бран во кој деновите ни се пеколно жешки а ноќите со тропски температури. За сето ова, меѓу другото, предупредуваат и апликациите за временска прогноза.
Експертите велат дека е тешко да се прогнозира дали ова лето ќе биде најжешкото досега, бидејќи сѐ уште сме на неговиот почеток – и дека треба да помине некое време. Апликациите, во однос на точноста на прогнозата, се разбира, можат да направат грешки.
„Сите оние апликации што ги имаме на нашите мобилни телефони или до кои пристапуваме преку Интернет, користат различни извори. Овие извори се всушност резултати од различни метеоролошки модели произведени од институции на национално ниво, односно метеоролошки служби или паневропски институции како што е Европскиот центар за краткорочни прогнози. Исто така, постојат приватни служби кои ги прават овие прогнози врз основа на математички и други модели. Значи, кога би направиле споредба на пошироко ниво, ќе видите дека резултатите се горе-долу многу слични“, кажа српскиот програмер Дејан Лекиќ при неговото гостување во емисијата Белгадска хроника на Српската радиотелевизија.
Во метеорологијата температурата се мери според одредени правила и професионални норми – во сенка и на одредена висина, со напомена дека најдобар показател за временските услови сепак е субјективното чувство.
Апликациите за временска прогноза стануваат сè попопуларни бидејќи од година во година гледаме зголемување на годишните просечни температури и луѓето природно сакаат да бидат во тек и информирани. А во поново време не ретко овие апликации во себе инкорпорираат и ВИ сегменти.
Програмерот Лекиќ посочи дека апликациите функционираат така што, на некој начин ги мешаат податоци те добиени од мерењата во дадениот момент или во изминатите неколку часа заедно со она што како прогноза го даваат метеоролошките модели, кои претставуваат мошне сложени физичко-математички модели. Притоа, во обид да сеподобри на прецизноста на временската прогноза се користат разни модели на вештачка интелигенција.
Така е во светот, а кај нас, регионално, употребата на овие новитети сѐ уште е во повој. Како и да е треба да се има предвид дека и потпоирањето единствено на ВИ моделите и апликациите може да доведе до заблуда, со оглед на тоа што тие не се совршени. Како и на секој друг пазар, така и на пазарот на апликации, треба да направат добра проценка и избор. Па така, едноставно, врз основа на личното искуство, треба да оцените која апликација дава најдобри резултати и потоа да ѝ верувате најмногу.