Рубрика: Медицина
Нов скандал во науката – се повлeкува значаен труд за истражувања во врска со Алцхајмеровата болест
Објавено на 06.06.2024 - 12:30

Истражувачи планираат да повлечат историски значаен труд за Алцхајмеровата болест поради дотерување на податоците презентирани во него. Еден од авторите го призна постоењето на манипулирани податоци во студијата што за првпат поврза една специфична форма од амилоид протеинот со оштетување на меморијата

Авторите на историски значајниот труд од истражување на Алцхајмеровата болест објавен во Nature во 2006 година се согласија да ја повлечат студијата како одговор на обвинувањата за манипулација со податоците. Неврологот од Универзитетот Твин Ситис во Минесота, Карен Еш, која е постар автор на трудот, во објава на страницата за дискусија во списанието PubPeer призна дека трудот содржи “доттерани” податоци. Досега студијата е цитирана речиси 2500 пати и ќе биде еден од најцитираните трудови што бил повлечен, велат податоците од Retraction Watch.

Иако немав сознанија за какви било манипулации со податоците во објавениот труд, сè додека на тоа не ми беше укажано пред две години“, пишува Еш на PubPeer, „јасно е дека неколку од сликите од Лесне и соработниците (2006) се манипулирани… за што јас како постар и назначен автор ја преземам крајната одговорност“.

Иако првично било предлагано проблемите за трудот да бидат решени со корекција, на крај како што открива Еш во една друга објава речиси сите потпишани автори се согласиле за негово повлекување, сите освен водечкиот автор, невро-научникот Силвен Лесне, кој бил во фокусот на истрагата на спроведена од Science во 2022 година. Портпаролот на Nature одбил да ги коментира плановите на списанието.

Карен Еш од Универзитетот Твин Ситис во Минесота, иако признава дека постоела манипулација сѐ уште стои зад заклучоците од трудот објавен од нејзиниот тим од 2006 година

Жално е што беа потребни 2 години за да се донесе одлука за повлекување“, вели Дона Вилкок, невролог од Универзитетот во Индијана и уредник на научното списание Alzheimer’s & Dementia. „Доказите за манипулација беа огромни“.

Трудот од 2006 година укажуваше дека амилоид бета (Aβ) т.е. протеинот Aβ*56 може да предизвика Алцхајмерова болест. Протеините Aβ долго време се поврзуваа со оваа болест. Авторите објавија дека Aβ*56 е присутен кај глувците кои со генетски инженеринг биле манипулирани да развијат состојба слична на Алцхајмеровата болест и дека тој се ‘трупа’ рака под рака со нивниот когнитивен пад. Тимот, исто така, пријавил пад на меморијата кај стаорците на кои им бил инјектиран Aβ*56.

Истражувачите со години се обидуваа да го подобрат исходот кај пациентите со Алцхајмерова болест преку отстранување на амилоидните протеини од мозокот, но експерименталните лекови не дадоа никакви резултати. Се чинеше дека Aβ*56 понуди поспецифична и ветувачка терапевтска цел, и многумина го прифатија наодот. Како резултат и финансирањето на истражувањата кои црпеа од овој наод нагло порасна.

Но, истражувањето од тимот на Science наиде на докази дека трудот објавен во Nature, но и многу други коавторски трудови од Лесне, во кои Еш се наведува како постар автор, се чини дека користеле манипулирани податоци. По објавувањето на приказната, водечките научници кои го навеле трудот за да ги поддржат нивните сопствени експерименти се прашувале дали Аβ*56 може веродостојно да се открие и прочисти како што тоа е опишано од Лесне и Еш, па дури и дали воопшто постоел. Некои од нив велат дека проблемите во овој и други трудови побудиле нов сомнеж во доминантната хипотеза дека амилоидот ја поттикнува Алцхајмеровата болест. Но, други и понатаму ја поддржуваат оваа хипотеза.

Дебата продолжи во услови на одобрување на антиамилоидниот лек Leqembi, кој скромно го забавува когнитивниот пад, но со себе носи ризици од сериозни, па дури и фатални отоци или крварење на мозокот.

Лесне, кој oдбил да го коментара настанот, останува професор на Универзитетот во Минесота и сѐ уште добива финансиска поддршка за неговите истражувања од американскиот Национален институт за здравство. Иако универзитетот ја ставил под лупа целата неговата дејност во јуни 2022 година. Портпаролот на универизитетот неодамна изјавил за Nature дека ги прегледал двете спорни слики и „ја затворил оваа истрага без наоди за недолично однесување во истражувањето во поглед на овие податоци“. Изјавата не упатува дека биле испитани и неколку други сомнителни бројки од истиот труд, а од универзитетот понудиле коментарниту во врска со тоа дали донеле некој заклучок во врска со други трудови од Лесне кои очигледно содржат “дотерани” слики.

Како манипулирањето на податоци не претставува недолично однесување?”, се прашува Елизабет Бик, консултант за научен интегритет која ги потврдила наодите од свиркачите што ја поттикнаа истрагата на Science. Како што вели таа, ваквите случаи треба да ги истражуваат независни тела, а не универзитетите на обвинетите научници, кои се соочуваат со финансиски и репутациски конфликти на интереси.

Најновата објава на Еш во PubPeer тврди дека „манипулациите не ги менувале заклучоците од експериментите“. Во еден понов труд во iScience, таа и колегите тврдат дека ги потврдуваат наодите од трудот од 2006 година. „Продолжувам да верувам дека Aβ*56 може да игра важна улога кај Алцхајмеровата болест и неговото таргетирано отстранување може да доведе до значителни клинички придобивки“, пишува таа на PubPeer.

Во мејл упатен до Science, Еш вели дека Nature „одбива да ја објави“ бараната корекција на трудот од 2006 година, со што повлекувањето било„единствената друга опција која ни е достапна“. Од Nature не сакале да ја коментираат оваа изјава.

Сите ги поседуваме истите вредности – зачувување на интегритетот на научните записи – но ги изразуваме поинаку“, додаде Еш.

За тврдењата на Еш дека нејзиниот нов труд ги реплицира наодите оригиналниот труд објавен во Nature, Вилкок вели дека се „претерани“. Во ова таа има поддршка и од неврологот од Универзитетот Вандербилт, Метју Шраг, кој работи во доменот на прашања поврзани до научниот интегритет независно од неговиот работодавец и ги откри повеќето од проблемите со трудот на Лесне. Тој ги оспорил заклучоците на Еш за трудот во iScience во неговите детални коментари на PubPeer, во кои одлуката на Еш за повлекување на трудот ја нарекува „важен чекор во вистинска насока“ за едно поле кое е заразено со проблематичен истражувачки интегритет. „Измина доста време, но таа [конечно] застана на страна на интегритетот“.

Другите научни списанија кои објавувале сомнителни трудови од Лесне чекаат неговиот матичен универзитет да заврши со новата истрага.

 

Преземено од Science

Клучни зборови:
Карен Еш од Универзитетот Твин Ситис во Минесота, иако признава дека постоела манипулација сѐ уште стои зад заклучоците од трудот објавен од нејзиниот тим од 2006 година

Карен Еш од Универзитетот Твин Ситис во Минесота, иако признава дека постоела манипулација сѐ уште стои зад заклучоците од трудот објавен од нејзиниот тим од 2006 година