Европа го насочи вниманието кон следната генерација на телекомуникациска технологија којашто ветува повосоки брзини. Технологијата ветува подобра поддршка на образованието и на телехирургијата, а се очекува да доведе и до т.н. дигитален твининг и холографски виртуелни состаноци.
Универзитетот Карлос III во Мадрид (Universidad Carlos III de Madrid) ја координира „Mifuura“, 6G истражувачка мрежа финансирана од Европската унија (ЕУ). Во проектот се вклучени некои од водечките компании во областа на телекомуникациите, меѓу кои и Ериксон, Нокиа и Водафон, заедно со неколку водечки универзитети во истражувањето за мобилни комуникации.
Целта е да се започне со напредок во областа на мулти-антенските технологии што ќе се користат во 6G комуникациите. Проектот ќе започне со петнаесет договори и програма за обука за кандидати што треба да завршат докторски студии и да генерираат високо квалификувани истражувачи од оваа област кои ќе поседуваат иновативни вештини.
„Сакаме да работиме на нештата кои сметаме дека претставуваат најважни предизвици во мобилните комуникации за нашето општество во следните десет години“, вели координаторот на проектот Ана Гарсија Армада, професор во Одделот за теорија на сигнал и комуникации на Универзитетот Карлос III. Таа вели дека ќе таргетираат комуникации со многу ниска латентност, високи стапки за пренос на податоци и намалени трошоци за енергија. Латентноста претставува доцнење што се јавува како резултат на застојот помеѓу преносот и приемот на информативните пакети.
Армада вели дека за справување со овие предизвици неопходно е да се работи на серија иновативни архитектури и технологии што би овозможиле интероперабилност помеѓу опремата од различни производители, или да се употребува една матична ВИ во текот на целиот дизајн на мрежата.
„Mifuture ќе го отвори патот кон инплементација на хетерогени мрежи ,без ќелии, со илтра масивен број на антени за постигнување на перформансите, енергетската ефикасност, точноста на позиционирањето и барањата за комплексност што се бараат од еволуцијата на мобилните комуникации кон 6G“.
Истражувачкиот тим на проектот ќе работи на неколку практични сценарија за да тестира што би можело да се постигне со овие достигнувања, како можноста за целосна интеракција помеѓу реалниот и виртуелниот свет, правење видео повици кои вклучуваат подобрена или виртуелна реалност или холографски слики на присутните, па дури и можност за извршување на далечински телехируршки операции.
„Би можеле да имаме експерт во Мадрид кој оперира лице кое се наоѓа во село во провинцијата Авила, оддалечена повеќе од сто километри“, вели Армада.