Овој 'празник' го заслужува вашето целосно внимание и ред е да го одбележите на соодветен начин. Имено, сите ние сме за отфрлање на слабите лозинки, особено ако за зајакнување на вашата безбедност е потребно само малку труд. Ние ви предлагаме четири лесни начини што ќе ви помогнат во оваа насока.
Ако се решите за понова форма на заштита на сметката што е поедноставна од употреба на лозинките, не добивате само понапрена заштита за вашите податоци, туку нема да морате да се обидувате да ја запомните целата колекција од кориснички имиња и лозгуни што ја поседувате за вашите виртуелни сметки. А верувајте ни, заштитата е повеќе од неопходна за сите затоа што крадењето податоци е секојдевна работа.
Како што покажуваат резултатите од најновото истражување на Bitwarden, загрижувачки број луѓе сè уште користат лозинки – 31% од корисниците во САД го прават тоа за 11 до 20+ сајтови! И со толку многу пробивање на податоците, на хакерите им станува сѐ полесно и полесно не само да ги дознаат вашите лозинки, туку и да ги дознаат вашите лични информации што веројатно ги користите како дел во лозинката, што е уште една доминантна лоша навика (која ја поседуваат дури 42% од кориснивите во САД). Па, како да ја надминеме можноста за и ние да не станеме дел од некоја слична статистика?
Употребувајте менаџер за лозинки (password manager)
Менаџерите за лозинки се лесен начин за подигање на вашата ИТ безбедност. Едонствено што треба да направите е да запамтите само една единствена силна лозинка зад којашто ќе бидат “скриени” и заштитени речиси сите ваши други информации за пристап до корисничките сметки. Менаџерите што ги нудат Google, Apple, Firefox се рудиментарни но се доста солидни, но за оние што немаат доверба во чувањето податоци во облак има и други опции. Изборот на апликации за оваа намена е голем, така што лесно може да ја пронајдете онаа што ќе одговара на вашите потреби и можности.
Употребувајте силни, уникатни лозинки за сѐ
Помнењето на силна, случајна и единствена лозинка за секое место што го посетувате на интернет би било тешко изводливо. Но, со менаџерот за лозинки, кој се разбира штотуку го поставивте :) , ова веќе нема да е проблем. Ако имате ваква екстензија на прелистувачот или апликацијата од вашиот смартфон, можете му дозволите на менацерот и самиот да избере лозинка за вас, сѐ што ќе треба да направите е да му дадете параметри за бројот на карактери и каква мешавина од нив сакате. Експертите за безбедност во моментов препорачуваат лозинки со 24 знаци, со случајно генерирани со бројки, букви и специјални знаци. И ова нема да е проблем, затоа што вие самите ќе бидете ослободени од товарот на помнење. За дополнителен апгрејд на безбедноста, стручњаците препорачуваат и силни кориснички имиња/прекари. Па, пуштете ја фантазијата на најјако и менаџерот нека бери гајле и за тоа.
Овозможување на автентификација со два фактора
Двофакторната автентикација додава уште еден слој на заштите во процесот на најавување. Наместо да имате непосреден пристап до вашата сметка при внесување на вашето корисничко име и лозинка, ќе мора да поминете уште една безбедносна проверка пред да се дозволи пристап. Препорачуваме да овозможите двофакторна автентикација на што е можно повеќе сметки. Ако ова не е опција направете го тоа барем за големите сметки од типот на е-пошта и финансиски услуги, како и места со информации што би можеле да направат хаос во вашиот живот ако некој друг добие неовластен пристап. Во оваа насока размислете за заштита на вашите сметки на Amazon, на социјалните медиуми, Steam и работните сметки. За сајтовите кои немаат двофакторна автентикација, ограничете го оставањето на податоци, а особено внимавајте каде оставате информации за вашата кредитна картичка и податочна адреса.
Употребувајте клучеви за пристап (passkey)
Ова е релативно нова форма на автентикација на сметката. Клучевите за пристап ги намалуваат маките со користењето лозинки, а истовремено нудат силна безбедност на самата врата за пристап/излез. Сѐ што ви треба е уред како телефон, таблет или дури и вашиот компјутер кој ќе служи како автентикатор. Тој се регистрира на вашата сметка кога ќе ја генерирате лозинката. Потоа, на овој уред ќе добивате известувања за овластување на најавувања, кои ќе ги одобрите користејќи идентификација на лице, отпечаток од прст или PIN. Сѐ е неверојатно едноставно, и уште поважно, клучевите за пристап се поотпорни на тековните ефекти од пробив на податоците. Бидејќи тие претставуваат асиметрична форма на шифрирање, хакерот не може да ја погоди вашата лозинка врз основа на шифрираните податоци за најавување на компромитирана веб-локација. Само вие го имате другиот дел од сложувалката и тоа е поинаков вид од парчето од сложувалката што е зачувано на сметката на вашата веб-страница.