Во 2020 година во Nature беше објавен научен труд во којшто се тврдеше дека се пронајдени првите суперспроводници што функционираат на собна температура. Сите беа воодушевени а младиот физичар Ранга Диас од Универзитетот во Рочестер преку ноќ стана ѕвезда во научните кругови. Но, сѐ што сјае не е злато, или во случајов секој проводник не е и суперспроводник ;) Трудот на Диас беше повлечен порадади загриженост за веродостојноста на податоците
Истрагата на новинарскиот тим на Nature откри нови детали за тоа што се случувало и како институциите што ги ревидираат научните трудови пропуштиле да ги видат сите предупредувачки знаци дека нешто не е во ред.
Истраги и повлекувања. Биле спроведени повеќе истражувања, а работата на Диас се соочи со скептицизам од научната заедница. Во 2022 година Јорге Хирш истражувач од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего и Дирк ван Марел, пензиониран професор од Универзитетот во Женева, откриваат нерегуларности во сировите податоци коишто по низа барања ги обезбедува Диас. Но, Диас и неговиот колега Саламат имаат “спремно” објаснување.
Ранга Диас е во центарот на скандалот со неговото контроверзно истражување во кое тврди дека се откриени суперпроводници на собна температура
Сепак, случајот ги поттикнува Nature да побараат независна ревизија на веќе објавениот труд. Пристигнуваат 4 анонимни ревизии при што две со две имаат дијаметрално спротивни мислења – двајца од ревизорите не нашле никаков проблем со податоците додека другите двајца ревизори тврдат дека е мошне веројатно дека резултатите во ревидираниот труд на Диас се “штимани”. Новинарскиот тим на Nature ги идентификува овие двајца ревизори како физичарите Бред Рамшо од Универзитетот Корнел во Итака, Њујорк, и Џејмс Хамлин од Универзитетот на Флорида во Гејнсвил. Очекувано, Диас и Саламат негираат каква и да е манипулација на податоците, но истовремено не обезбедуваат никакво објаснување за наодите на ревизорите. На 22 септември 2022 година Nature ги повлекува трудовите со објаснение “проблеми што ја поткопуваат довербата во објавените податоци за магнетна подложност како целина”
Физичарите Џејмс Хамлин и Бред Ремшо кои укажаа на можна манипулација во податоците на Диас и неговите колеги
Влијание врз науката. Скандалот имаше големо влијание врз кариерите на младите научници и покрена низа прашања во врска со процесот на ревизија на научните трудови и институционалните одговори на недоличното однесување.
Повеќе детали тука