Рубрика: Омнибус
Здружението на Македонците во Полска го презентираше обичајот Мартинки
Објавено на 08.03.2024 - 17:15

Мартинки презентација Фото:  г-ѓа Агњешка Кречо

Мартинки, обичаи поврзани со прославувањето на 1 Март во Македонија

На 6 март во салонот Големата соба во Варшава со почеток во 18 часот, Здружението за промоција на македонска култура во Полска (Stowarzyszenie Kultury Macedońskiej w Polsce), како дел од своите редовни активности за промоција на македонската култура во Полска, организираше презентација на обичајот Мартинки. Презентацијата беше направена во соработка со Институтот за славистика при Полската академија на науки, Институтот за етнологија и културна антропологија при Варшавскиот универзитет, Полското етнолошко друштво – оддел во Варшава, Здружението Етнографска  работилница,  како и Македонското истражувачко друштво од Скопје.

Настанот започна со обраќање на г. Горан Шутиновски, претседател на Здружението за промоција на македонската култура во Полска кој ги поздрави присутните и се заблагодари за соработката на инволвираните индивидуи и субјекти.

Присутни беа професори и студенти од дотичните институти, членови на здруженијата, амбасадорот на Македонија во Полска г. Јасмин Ќахил со сопругата, г-ѓа Јадранка Петрова, како и конзулот на Македонија во Полска, г. Александар Димовски. Презентацијата беше двојазична, на Македонски и Полски јазик при што со превод на Полски јазик ни помогна проф. д-р Каролина Бјеленин – Ленчовска од Институтот за славистика при Полската академија на науки.

Фото:  г-ѓа Агњешка Кречо

Г. Даниел Анастасов од Здружението за промоција на македонска култура во Полска направи осврт кон обичајот Мартинки, во Македонија прогласен за Културно наследство од особено значење со Одлука на влада во 2014 година, и поткатегорија исклучително значење со Одлука од 2019 година. Во 2017 година на 12 седница на Комитетот за нематеријално културно наследство при УНЕСКО, ова културно наследство беше впишано на Референтната листа на Нематеријалното културно наследство на Човештвото како мултилатерална апликација на четирите држави каде што се практикува – Македонија, Бугарија, Романија и Молдавија. Беа наведени и бројни примери за инволвираност и практикување на поединци и групи на носители на овој обичај како дел од нашето културно наследство, но и можностите за понатамошна реафирмација и популаризација не само во локалните иницијативи туку и во странство.

Фото:  г-ѓа Агњешка Кречо

По завршетокот на презентацијата следуваше разговор со присутните каде што се разменија искуства од состојбите и предизвиците за зачувување на нематеријалното културно наследство во двете земји.

Формалниот дел од настанот заврши со изложба, каде што присутните можеа да ги видат Мартинките кои беа изработени специјално за оваа пригода од г-ѓа Марија Младеновска Митровска од Скопје, која ги изработува овие традиционални ракотворби повеќе од 30 години, а при тоа беа послужени и македонските вина од винаријата Далвина.

Здружение за промоција на македонската култура во Полска
 
Клучни зборови: