Рубрика: Телекомуникации
Светски ден на радиото – 13-то издание
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 13.02.2024 - 17:00

Како потсетник на денот кога кога ООН го основала радиото на Обединетите нации – 13 февруари 1946 година, денес во светот се одбележува Светскиот ден на радиото. Прославата оди под мотото “Век на информирање, забава и едукацијa”.

Во нејзиното обраќање по повод денешниот ден, г-ѓа Одри Азулеј, генерален секретар на УНЕСКО, нѐ потсети за значењето на радиото и улогата што тоа ја имало и сѐ уште ја има ширум светот

На овој Светски ден на радиото, ја славиме не само историјата на радиото, туку и неговата централна улога во нашите општества, сега и во годините што доаѓаат. 2024 година означува пресвртница во историјата на овој медиум: тоа е годината кога ја славиме стогодишнината од првиот радио пренос на Олимписките игри во живо, во пресрет на следните Игри во Париз. Оваа пресвртница нè потсетува дека од неговото создавање на крајот на деветнаесеттиот век, радиото отсекогаш било со нас, зближувајќи нè околу моќни моменти и споделени емоции. И така, повеќе од еден век нè информира, забавува, а исто така нè едуцира, како што е истакнато во овогодинешната тема”, вели таа и додава дека “Ова важи и денес повеќе од било кога: и покрај зголеменото влијание на интернетот и социјалните мрежи, радиото продолжува да е главен извор на информации и забава – се проценува дека го слушаат преку 4 милијарди луѓе. Радиото е, исто така, медиумот што допира до места што другите не ги допираат: речиси една третина од населението немаше пристојна интернет конекција во 2023 година, однос што се зголемува за половина од населението во руралните области, а радиото е поинклузивно и подостапно, особено во кризни ситуации.

Во поглед на улогата на радиото денес, Азулеј истакнува дека ”Радиото може да биде и глас на безгласните, овозможувајќи им на сите поединци и заедници да се изразат себеси и да ја оживеат различноста на нивните култури” и дека “радиото е повеќе од техничко средство за емитување: тоа отелотворува одредена идеја за информации, културна разновидност и образование за сите”.

Темата на Светскиот ден на радиото во 2024 година го сплотува во една фокусна точка извонредното минато на радиото, релевантната сегашност и ветувањето за динамична иднина на медиумот.

Радиото, иако статистички останува популарен медиум со огромна доверба во јавноста, се соочува со низа предизвици наметнати од дигиталното доба – борба со дигиталните платформи и социјални медиуми за публика и приходи, надминување на дигиталните и генерациските јазови на комуникација, новите начини на цензура, истовремено додека дел од медиумите се притиснати со изнаоѓање на креативни начини за справување со долговите наметнати од прилагодувањето кон новите правила на игра, промените во начинот на кој се пласираат рекламите денес, услови што дополнително го наштрбуваат веќе значително намалениот маркетиншкиот приход на радиото.

Светскиот ден на радиото е можност за радиостаниците да се поврзат во етерот со колегите радиодифузери ширум светот. УНЕСКО ги повика радиостаниците да преземат иницијатива за вакви преноси.

Повеќе за Денот на радиото и неколку идеи како вие да се приклучите во прославата може да најдете на страницата на УНЕСКО Тука особено би ги истакнале едукативните аудио прилози во траење од една минута, што по повод овој ден ги подготвиле во радиото на ООН а кои во мали дози говорат за историјата на овој значаен медиум.

По повод Светскиот ден на радиото, ние го продолжуваме нашиот проект започнат лани – Виртуелна изложба на стари радиоприемници кои ја осликуваат нашата врска со радиото. Како тоа изгледа може да погледнете во Виртуелна изложба на стари радија по повод Светскиот ден на радиото

Драги читатели, ако минатата година не сте испратиле фотографија, ве повикуваме да ја искористите оваа прилика во следниве неколку дена, и да ја збогатите изложбата со вашите прилози. Ако сте вољни, може да нѐ почестите и со некоја анегдота во врска со уредот чијашто слика ја приложувате. Ние со задоволство ќе ги објавиме и двете.

 

Клучни зборови:
Редок модел на Ei, истиот модел потоа го произведува полската компанија UNITRA.

Радио-касетофон EI SK 323
Земја на потекло: Југославија
Производител: Elektronska industrija-radio akustika
Година на производство (непозната)
Редок модел на Ei, истиот модел потоа го произведува полската компанија UNITRA.
Фабрички идентификациски број: 19907
Димензии: 44x24x12cm
Фотографија од Иван Јанев

Радио-грамофон Portoroz TS, Фотографија од Иван Јанев

Радио-грамофон Portoroz TS
Земја на потекло: Југославија
Производител: Искра Крањ
Година на производство: 1965
Број на лампи: 4
Модел на лампите: EM 84, ECH 81 x2, EL 84
Фабрички идентификациски број: 730121
Димензии: 33 x 55 x 31 cm
Фотографија од Иван Јанев