Истражувачите од Кина се занимаваа со слатка наука и констурираа евтин сензор со кој може да се тестира квалитетот на медот, односно неговата чистота.
Медот е природен и суров прехранбен производ произведен од пчели. Но, последниве години, како што тој станува сѐ поскап и поскап, производот често се “валка”, се разводнува или меша со поевтин мед од пониска класа, но и уште пострашно со шеќер, сируп од пченка и какви сѐ не други супстанции. Студијата објавена во Scientific Reports тврди дека медот е трета најфалсификувана храна во светот. За жал, стандардните методи за откривање на фалсификуван мед најчесто се скапи и комплицирани.
Трудот објавен во Review of Scientific Instruments опишува едноставна, компактна и релативно евтина алатка за откривање на разводнет мед. Алатката, сензорот во вид на микролента со линиски планарен резонатор, е направена од изолациски материјал врз кој се поставени три тенки бакарни ленти. Притоа алатката ја мери резонантната фреквенција, која се намалува кога во природниот мед се додава вода.
„Кога додаваме вода во медот, тоа го менува начинот на кој електромагнетното поле се однесува околу него“, вели авторот Жен Ли. „Кога ќе се стави во сензорот, фалсификуваниот мед ја менува резонантната фреквенција на сензорот. Со мерење на оваа промена, може да го откриеме водениот додаток во медот“.
Уредот има потенцијал за примена во прехранбената индустрија за на економичен начин се провери дали медот е вистински или фалсификуван производ.