Комбинацијата на модерна технологија и сознанијата за старите мајстори, создатели на безвременските ремек-дела, го овозможи создавањето на „Невозможната статуа“. Статуата изработена од нерѓосувачки челик, тешка 500 килограми и висока 150 сантиметри, е создадена со користење на најновите достигнувања во вештачката интелигенција, напредни софтверски решенија и прецизно производство, а е инспирирана од делата на Микеланџело и Огист Роден. Статуата од средината на месецот јуни може да се види како дел од постојаната поставка во Музејот на науката и технологијата во Стокхолм, во секцијата посветена на ВИ.
Компанијата што ја изработи скулптура е шведскиот производител на опрема за сечење и ископување метал Сандвик (Sandvik). Тие со ова сакаа да ги промовираат своите дигитални производствени вештини и алатки за обработка и сечење на метал.
Програмерот Роберт Лучани, кој го создаде нацртот на статуата со помош на вештачка интелигенција, открил дека еден од неговите најголеми предизвици бил изнаоѓање начин делата од пет различни уметници од различни епохи да се преточат во едно единствено уметничко дело. Од Сандвик откриваат дека статуата била дизајнирана со обука на повеќе модели на вештачка интелигенција тренирани со машинско учење за работата на петте скулптори, при што биле експлоатирани некои од најпознатите одлики на нивните дела, како „динамичните пози надвор од рамнотежа“ на Микеланџело и „мускулатурата и рефлексивноста“ на Роден.
Како други извори на инспирација се наведуваат германската уметница Кет Колвиц, јапонскиот скулптор Такамура Котаро и афроамериканскиот скулптор Огист Севиџ.
Во производниот процес биле користени повеќе од 20 различни алатки за стругање, глодање, дупчење, режење навои и извлекување, заедно со повеќе различни софтверски решенија.
Јакоб Петерсон, специјалист за компјутерска обработка во Sandvik, забележува дека иако во компанијата вообичаено работат со машински компоненти, коии изобилуваат со рамни површини, цилиндри итн., изработката на површината поставила сосема нови предизвици. Па вели: “Ова е очигледно посложена површина, добиен со леење во сложена слободна форма, при што материјалот што го обработивме е -U+0020 нерѓосувачки челик“.
Употребени биле вкупно два и пол тона нерѓосувачки челик, од кои два тона отпаднале при процесот на обработка, што резултирало со статуа тешка 500 килограми. Но, кај швеѓаните ништо не оди фира :) Па така од Сандвик откриваат дека сиот отпаднат челик бил рециклиран и обработен за повторна употреба.