Рубрика: Физика
Ласер за наведување на молњите
Автор: Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 206 - 7-8/2023.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во заштитата на зградите од удар на гром како алтернатива на громобранот може да се искористи и моќен ласер. Оваа неверојатна идеја штотуку, за првпат, беше успешно спроведена во пракса.

Лето 2021 година. Бура се развива над масивот Алпштајн во источна Швајцарија. Орелиен Уард, од Техничката школа и неговите колеги од еден европски конзор­циум, во метеоролошката станица Сентис (Säntis) – највисоката точка во регионот, се подготвуваат да материјализираат идеја достојна за научно-фантастичен роман: контролирање на молњата со испукување на ласер кон небото.

Колку и тоа да звучи неверојатно, оваа идеја не е нова. Уште во 1974 година Лео­нард Бол, од Американското оптичко друш­тво, за првпат добил идеја да предиз­вика молња и потоа да ја насочува со помош на ласер. Сепак, првите експери­мен­тални обиди во оваа насока, спрове­дени врз природна молња, се случија многу подоцна – во 2004 година, по цели триесе­тина години речиси безуспешни обиди.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 206 - 7-8/2023. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.