Деновите на „airplane mode“ се чини дека се одбројани, иако сосема веројатно иконата со приказ на авион на нашите паметни телефони и понатаму ќе биде корисна, особено надвор од Европа. Ако не сте дознале досега, на 24 ноември 2022 година Европската комисија даде зелено светло за употреба на уредите поврзани на интернет (а со тоа и паметните телефони, паметните часовници, таблетите и лаптопите) за целото времетраење на летовите. Со ова се ажурира стариот закон од 2008 година, а земјите членки добија рок до 30 јуни 2023 година за додела на фреквенции од 5G опсегот на авионите.
Ова значи дека од ова лето ќе бидеме уште повеќе поврзани, дури и овој, еден од малкуте простори што досега немаа Wi-Fi поврзаност, со исклучок на некои специфични летови каде мошне бавни врски се нудеа по изгор цени. Сега „патниците кои летаат во рамките на ЕУ ќе можат да го користат целосниот потенцијал својот паметен телефон, вклучувајќи ги и повиците“, како што е наведено во официјалното соопштение издадено од Комисијата.
Додека леталото е на ниска височина поврзувањето на телекомуникациската мрежа може да се оствари со приклучување кон регуларните земски антени, додека на поголеми височини поврзувањето ќе биде возможно само кај авионите што ќе ја активираат услугата пикосел, која ќе работи благодарение на антената поставена во трупот на авионот и којашто ќе ја поврзува терестријалната мобилна мрежа со сателитската, при што ќе го реемитува сигналот и во внатрешноста на патничката кабина.
Иако сево ова да звучи убаво, дали тоа значи дека и треба со обете раце отворено да го прифатиме? И патниците и професионалците во областа на воздухопловството не се баш ентузијастички расположени во однос на оваа промена, напротив.
Во 2013 година, Соединетите американски држави први тргнаа со размислувања во оваа насока, но федералната агенција и авиокомпаниите ја отфрлија идејата, ефективно и официјално отстранувајќи ја во 2020 година можноста за користење на мобилните телефони во авионските кабини. Причината е едноставна: таквата иновација не носи само придобивки, туку би имала и негативно влијание врз квалитетот на патувањето. Имено, патниците би биле принудени да слушаат повици и видеоповици од други патници, а тоа според екипажот би довело до зголемување на непријатностите и споровите, имајќи предвид дека околу 40% од корисниците би ја користеле можноста за повик во текот на летот.
Иако располагаме со соодветни технологии за безбедно патување, сепак употребата на електронска опрема во патничката кабина се претпочиташе да биде забранета, поради можни пречки со вградените инструменти. Во реалноста, оваа забрана отсекогаш била на работ на претерана претпазливост, особено во ерата на 3G и 4G, а така остана дури и по појавата на 5G мрежата.
Во овој случај, спектарот на пропусниот опсег на мрежата е посличен со оној резервиран за воздухопловството. НАСА, која ги евидентира сите епизоди на пречки во текот на летот поврзани со непослушните патници во нивната база на податоци, пријави зголемување на ваквите епизоди по воведувањето на најновата технологија. Сепак, според укажувањата на данската консултантска фирма Strand, проблемот се чини дека е лесно решлив. Неопходно е, и тоа веќе се прави во Европа, да се регулираат висиномерите – инструментите што се најранливи на овој тип на пречки, и тоа да се направи по одржлив трошок, особено ако с има предвид вкупната инвестиција од 94 милиони евра направена од операторите за добивање на 5G фреквенции.
Во меѓувреме ова лето ќе покаже колку сме подготвени за користење на мобилната телефонија во тек на лет.