Можеби, на пример, сте претпоставувале дека роботот нема да може да го „види“ тој квадрат и затоа воопшто нема да може да кликне на него, и дека тоа е целата филозофија зад оваа проверка, но тоа не е случај. Сите со години го чекираме познатиот квадрат кој на многу страници е со натпис „Јас не сум робот“ и не размислуваме премногу за тоа која е всушност неговата функција.
Можеби, на пример, сте претпоставувале дека роботот нема да може да го „види“ тој квадрат и затоа воопшто нема да може да кликне на него, и дека ова е целата филозофија зад оваа проверка, но тоа не е така. Професионално овој ”чекер”се нарекува CAPTCHA (Completely Automated Public Turing test to tell Computers and Humans Apart), каде Тјуринг тестот е алатка за разликување на вештачката интелигенција од луѓето. Сепак, вистинската функција е различна и неговата поента не е само кликнување на ова поле, туку анализа на тоа што корисникот правел претходно и што ја поттикнува веб-страницата да ја анализира неговата историја на посети за да утврди дали се работи за вистинска личност.
Имено, вашето онлајн однесување покажува дека сте човек, а не машина. На пример, ако претходно сте гледале видеа со мачки, сте твитнале нешто, а потоа сте ја провериле е-поштата, доволно е. Исто така, по кликнување на квадратот започнува анализа и на начинот на којшто претходо сте го мрднале глувчето, и ако веб-страницата не може веродостојно да го одреди тоа, тогаш доаѓа тест со кликнување на елементи, оној делот каде треба да се идентификувате одредени објекти на прикажана фотографија – пешак премин, автобус, мотор, итн, или, пак, препознавање и внесување на секвенца од букви и бројки.
Не секој е премногу среќен да ја дознае оваа тајна функција што нѐ потсетува дека, сепак, треба да бидеме внимателни на Интернет, особено поради тоа што секогаш постојат тајни начини за следење на нашите активности.