Еве една вест што пред некоја година ни проминала “под радар” но сепак вреди да се пренесе, дури и со задоцнување: Тим на научници демонстрирал дека енергија може да се добие од извор на којшто повеќето од нас никогаш не би ни помислиле – тоалетна хартија!
Да, да токму така. Се чини дека енергија можете да добиете дури и од тоалетна хартија, и тоа искористена! Ова пред неколку години го објави група хемичари од универзитетите во Амстердам и Утрехт, кои пронајдоа начин да произведуваат енергија од тоалетна хартија со директно инсталирање ако во секој дом се постави специјален генератор. Всушност, тоалетната хартија е составена од 70-80 проценти целулоза, па затоа е вреден извор на јаглерод. Имајќи предвид дека во просек користиме некаде помеѓу 10 и 14 килограми тоалетна хартија секоја година, се чини дека овој неочекуван алтернативен извор на енергија не би требало да го пуштиме низ вода
Искористената тоалетна хартија од постројките за третман на отпадни води може да се претвори во целулоза од која пак, на крајот, може да се произведе електрична енергија.
Во експериментот, органската материја најнапред била трансформирана во гас кој содржел водород, метан, јаглерод диоксид и јаглерод моноксид. По филтрирање, ладење и компримирање на материјалот, тој се пренесува низ натриумови реактор под висок притисок. Во тој момент органскиот сулфур се трансформира во водород сулфид кој се користи за напојување на електрохемиски батерии со цврст оксид, способни да генерираат електрична енергија со ефикасност од 57% и по цена од 0,20 евра за kWh (цифра што научниците имаат намера да ја преполоват што поскоро). Резултатите од истражувањето се објавени во научното списание Energy Technology.
Отпадната тоалетна хартија може да се претвори во електрична енергија со процес на гасификација проследен со реакција со воздух во горивни ќелии со висока температура
Интересно е што ефикасноста за генерирање на електрична енергија на целиот процес стои речиси рамо до рамо со онаа на резидецијалните фотонапонски панели! Но она што не оди во прилог на процесот е што, барем засега, капиталните трошоци на системот сè уште се релативно високи, главно поради инвестициските трошоци во горивни ќелии. Но, се очекува тие да се намалат со развојот на пазарот за горивни ќелии. Од друга страна работните трошоци се релативно ниски, делумно благодарение на високата термодинамичка ефикасност (околу 70%). Научниците се надеваат дека трошоците за производство на енергија, со понатамошно разработување на целиот процес би можеле да се намалат на до 0,11 евра за киловатчас.
Според истражувачите, 10 тони искористена тоалетна хартија може да генерира енергија за околу 6400 дома.
Немојте само да зборите дека тоалетната хартија поскапела, ако на некој му текне ова да го примени кај нас, дури тогаш ќе треба да му ја мислиме