На 1 јануари во 1818 година, дваесет и едногодишната Мери Волстонкрафт Шели го објави „Франкенштајн или Модерниот Прометеј”. Да, 1818 година, додека кралот Џорџ III сè уште носел напудрени перики во Англија; додека Џон Адамс, Томас Џеферсон и Пол Ревер биле живи во сè уште новите САД, а технолошкиот развој како што се телефоните, машините за пишување и светилката биле со децении далеку, Шели ја започнала ерата на научната фантастика.
Овој голем настан е всушност последица на едно обложување помеѓу Џорџ Гордон Бајрон и Перси Биш Шели, што се случило една врнежлива јунска ноќ 1816 година на брегот од Женевското езеро. Предмет на облогот бил кој ќе напише подобар расказ на тема страв и ужас. Судбината сакала во тој настан да учествува и деветнаесет годишната сопруга на Перси Шели, Мери Волстоункрафт, која со својот расказ ги надминала и двата докажани англиски автори. По две години, во 1818-тата од печат се појавува првата верзија на “Франкенштајн или модерниот Прометеј”.
Од лево кон десно: Портрет на Мери Шели; Насловница од првото издание на "Франкенштајн"; Првото печатено издание на Франкенштајн
Ова делo се смета како прво во научната фантастика поради една битна карактеристика, а тоа е дека главен лик во делото е научник, а самиот акт што тој го извршува во делото, и покрај тоа што е фантастичен, во суштина е научен опит а не магија или алхемиски процес.
Првата екранизација на Франкенштајн се случува во 1910 година, во режија на Сирил Доули, а познатото чудовиште го глумел Чарлс Огл. Филмот е произведeн во компанијата Едисон.
Сцена од првата екранизација на Франкенштајн со Чарлс Огл како чудовиштето