Рубрика: Телекомуникации
Имаме нови македонски рекорди во далечина на радио врски на микробрановите подрачја
Автор: Дејан Трајковски
Објавено на 03.11.2022 - 13:15

Дејан (Z31RQ) и Ник (Z32TW), во присуство на Боби (Z33PB) како сведок, ги поправија сопствените и македонските рекорди на радиоаматерските бандови 1.296, 2.304 и 10.470 MHz, како и на слободниот банд 915 MHz, односно на брановите должини 23, 13, 3 и 33 cm. Работејќи од портабл премостено е растојание од 77,02 km помеѓу манастирот „Св. Илија“, на самата македонско-грчка граница (локатор KN00QV20XV) и манастирот „Св. Недела“ кај Стровија, на границата помеѓу општините Долнени и Чашка (KN01QN86RN), што е поблиску до Скопје отколку до грчката граница.

Особено сум задоволен со рекордот на 10.470 MHz бидејќи е остварен со FM телефонија и моќност од само 4 mW. Врските на останатите пониски бандови беа одржани со Морзеова телеграфија и моќност помеѓу 0,5 и 1 W. Како антена е користен параболичен рефлектор со логаритамско-периодична антена и хорн антена како илуминатор. На 2.304 MHz имавме најголема ефективна иззрачена моќност (најголем производ на моќноста и засилувањето на антената), така што и сигналот беше најсилен. Пресметките покажуваат дека би можел да биде примен со солидна јачина (10 dB над прагот на шумот) дури и на Месечината.

Трасата на новата рекордна врска (77 km) на картата од Македонија. Подалеку не можеше поради Солунска Глава.

Вертикален профил на трасата. Убаво се гледа „мевот“ поради закривеноста на Земјината топка. Возвишувањето на средината од трасата кај с. Лопатица беше надвишено за околу 12 метри, така што сепак имавме квазиоптичка, односно радио видливост.

Интересен куриозитет е што во текот на денот пропагациите на 144 MHz се влошија и изгубивме контакт со рачните радио станици со кратките „пендрек“ антени, но на микробрановите фреквенции сигналите останаа многу силни.

Премостен е целиот македонски дел од Пелагонија, на оптимална патека без препреки. Единственото возвишување кај с. Лопатица беше надвишено за околу 12 m, така што целата траса беше по линија на квазиоптичка видливост.

Z31RQ на работната позиција над Стровија, во подножјето на планината Даутица (лево). Поглед од мојата локација кај манастирот „С. Недела“, Стровија, кон другата страна од Пелагонија, што се губи во измаглица. Насочувањето е строго инструментално. (десно).

Николче ја подесува антената по елевација со помош на либела.

На траса од 77 km, поради закривеноста на Земјината топка „мевот“ на средината изнесува 116 m (расте со квадратот на растојанието!), како што се гледа и на вертикалниот профил на патеката. Најмалку за толку, плус висината на возвишувањето кај Лопатица, мораа да бидат поткренати двете станици над нивото на Пелагонија за да имаме гарантирана врска. Затоа Ник работеше од 780 m н.в., а јас од 795 m н.в. Поради закривеноста на Земјата, на двете страни имавме негативна елевација од -0,35 степени, насочена кон тангентата на Земјината површина, кај с. Лопатица.

Лево: Трасата на врската на топографска мапа. Се гледа тумбата во близина на с. Лопатица на половина пат. Остатокот на патеката е над рамно поле. Десно: Спектрограмот од сигналот на Z32TW/P на 10 GHz ФМ, снимен на првата меѓуфреквенција (754 MHz)

Од моја перспектива, од Стровија, најдалечната планина што се гледаше на југ беше Муза, додека планината `Ржана, над локацијата на Ник не се гледаше поради далечината и измаглицата. Од Драгош пак, поради поповолната позиција на Сонцето, наводно се гледала Даутица, над мојата локација.

Поглед преку цела Пелагонија од работната позиција над Стровија, на падините на планината Даутица. Ридовите што се гледаат во средината се наоѓаат на само 15-ина километри растојание. Другата страна, кај Драгош, не се се гледа во измаглицата, додека самото село Драгош не може ни да се види поради закривеноста на Земјата.

Така, практично веќе завршивме со ридовите и полињата, а за подалечни рекорди ќе мораме да работиме од планините, што ќе биде логистички предизвик поради искачувањето на опремата. Освен тежината, што е проблем за носење в раце, проблем е уште и деформабилноста на параболичната антена. Возењето со теренско возило по нерамните патишта на Пелистер може да ја деформира геометријата на чинијата и драстично да и го намали засилувањето. Во тоа се уверив и самиот, правејќи експерименти со антената и Сончевото зрачење.

Спектрограмот на сигналот од Z32TW/P на 2.304 MHz. На овој банд имавме најголема ефективна иззрачена моќност и најсилен сигнал. Пресметките покажуваат дека тој би можел да биде добро примен дури и на Месечината, со 10 dB над прагот на шумот.

Експериментирајќи на досегашните растојанија ги отстранивме сите технички проблеми со уредите, како и проблемите со насочувањето на антените. Моментално проблеми имаме само со мобилните телефони, што ги користиме како терминали за SDR приемниците, коишто од непознати причини повремено крахираат. Доколку користевме лаптоп компјутери такви проблеми немаше да имаме, но тогаш тежината ќе претставуваше уште поголем проблем. Вака ги прифаќаме овие ситни непријатности во замена за намалувањето на тежината на товарот.

Уредите за 10 GHz FM кај Николче, Z32TW/P. На микробрановото подрачје сé е минијатурно.

Во врска со насочувањето, Над 40 km растојание повеќе не може да се користи визуелно насочување на антените, туку исклучиво инструментално, а тоа веќе го работиме рутински и беспрекорно добро.

Во тек е планирањето на врска од 100 km, но не знаеме дали ќе ја оствариме во оваа или следната сезона, пред сé од логистички причини.

-------------------------

Панорамска видео снимка од мојата локација над Стровија, со поглед на Пелагонија, планината Даутица и планината над Гостиражни, таму каде што возот за Скопје влегува во тунелот за Богомила: https://drive.google.com/.../1jw.../view...

На снимката се слуша фантастичниот, Hi-Fi сигнал на 10 GHz FM од Николче примен кај мене во Стровија: https://drive.google.com/.../1WhpVtmeGkcnjFI3d60K.../view...

Аудио снимка на телеграфскиот сигнал од Николче на 2304 MHz: https://drive.google.com/.../1O7xqYAjZS2yMrTZCIAG.../view...

Повеќе слики, видео и аудио снимки од експедицијата можат да се видат на следниот линк: https://drive.google.com/.../1XEmV674lWxp5YcqVr...

Клучни зборови:
Трасата на новата рекордна врска (77 km) на картата од Македонија.

Трасата на новата рекордна врска (77 km) на картата од Македонија. Подалеку не можеше поради Солунска Глава.

Вертикален профил на трасата.

Вертикален профил на трасата. Убаво се гледа „мевот“ поради закривеноста на Земјината топка. Возвишувањето на средината од трасата кај с. Лопатица беше надвишено за околу 12 метри, така што сепак имавме квазиоптичка, односно радио видливост.

Z31RQ на работната позиција над Стровија, во подножјето на планината Даутица

Z31RQ на работната позиција над Стровија, во подножјето на планината Даутица

Поглед од мојата локација кај манастирот „С. Недела“, Стровија, кон другата страна од Пелагонија, што се губи во измаглица. Насочувањето е строго инструментално.

Поглед од мојата локација кај манастирот „С. Недела“, Стровија, кон другата страна од Пелагонија, што се губи во измаглица.

Николче ја подесува антената по елевација со помош на либела.

Николче ја подесува антената по елевација со помош на либела.

Трасата на врската на топографска мапа.

Трасата на врската на топографска мапа. Се гледа тумбата во близина на с. Лопатица на половина пат. Остатокот на патеката е над рамно поле.

Спектрограмот од сигналот на Z32TW/P на 10 GHz ФМ, снимен на првата меѓуфреквенција (754 MHz)

Спектрограмот од сигналот на Z32TW/P на 10 GHz ФМ, снимен на првата меѓуфреквенција (754 MHz)

Поглед преку цела Пелагонија од работната позиција над Стровија, на падините на планината Даутица.

Поглед преку цела Пелагонија од работната позиција над Стровија, на падините на планината Даутица. Ридовите што се гледаат во средината се наоѓаат на само 15-ина километри растојание. Другата страна, кај Драгош, не се се гледа во измаглицата, додека самото село Драгош не може ни да се види поради закривеноста на Земјата

Манастирот „Св. Недела“ над Стровија, на падините на планината Даутица.

Манастирот „Св. Недела“ над Стровија, на падините на планината Даутица.

Спектрограмот на сигналот од Z32TW/P на 2.304 MHz.

Спектрограмот на сигналот од Z32TW/P на 2.304 MHz. На овој банд имавме најголема ефективна иззрачена моќност и најсилен сигнал. Пресметките покажуваат дека тој би можел да биде добро примен дури и на Месечината, со 10 dB над прагот на шумот.

Грчки граничен столб до локацијата на Николче кај манастирот „Св. Илија“, Драгош.

Грчки граничен столб до локацијата на Николче кај манастирот „Св. Илија“, Драгош.

Уредите за 10 GHz FM кај Николче, Z32TW/P. На микробрановото подрачје сé е минијатурно.

Уредите за 10 GHz FM кај Николче, Z32TW/P. На микробрановото подрачје сé е минијатурно.