Дали сексуалниот нагон навистина се намалува постепено со текот на годините? Една студија објавена во списанието Archives of Sexual Behavior го поставува под знак прашање ова тврдење. Се чини дека резултатите од истражувањето покажуваат дека и мажите и жените доживуваат поголема или помала сексуална возбуда во различни периоди од нивниот живот. Пред сè, постојат разлики помеѓу желбата за мастурбирање, за секс со неврзан или со постојан партнер.
Меѓународниот научен тим собрал податоци од едно големото анкетно истражување спроведено помеѓу 2007 и 2018 година, во кое 8150 учесници, на возраст меѓу 15 и 80 години, биле прашани за нивното ниво на сексуална желба. Оваа анкета била поделена од страна на истражувачите во три категории: секс со вашиот партнер, секс со атрактивна личност, секс со себе (мастурбација).
Анкетата покажала дека кај жените желбата за секс во пар го достигнува својот врв околу 20-тата година од животот и останува на високо ниво до средината на 40-тите години од животот, за потоа постепено да се намалува. Шема што се совпаѓа со фактот дека желбата за сексуален однос се зголемува во оваа фаза од животот кога жените се најплодни. Но, желбата за мастурбирање кај жените не го следела истиот тренд: таа го достигнува својот врв околу 20-тата година од животот, за потоа постепено се да се намалува кон 60-тата година од животот, и потоа благо се зголемува кон 80-тата година од животот.
Каков е случајот кај мажите? Нивната крива на желба за секс со атрактивна личност, која не е нужно да е нивниот партнер, е поедноставна од женската: врвот го достигнува по 40-тата година од животот, а потоа постепено се намалува. Желбата за мастурбирање, исто така, следи повеќе или помалку слична крива: таа го достигнува својот врв околу 35-тата година од животот, а потоа постепено се намалува до 60-тата година. По оваа возраст таа брзо избледува.
Според истражувачите, интересно е да се забележи дека мажите имаат повеќе секс без обврски рано во животот, за подоцна во животот да претпочитаат моногамија. Оваа склоност благо се намалува кон средната возраст од животот, за потоа одново да се зајакне.