Во текот на изминатите неколку години, мамките за кликање или т.н. кликбејтовите станаа најлоши непријатели на пребарувачите, користејќи паметно осмислени наслови кои им овозможуваат да даваат погрешни резултати и почесто да се јавуваат при пребарувањето. Но, се чини дека Google сега одлучи да ги отстрани. Па, не баш буквално да ги отстрани, но да ги направи помалку нападни, со менување на некои клучни алгоритми што работат во заднината.
Пред некое време на компанискиот блог, Гугл најави дека серија ажурирања за пребарувачот (Search), чијашто цел е се справат со заканата од клик-мамките и да ја подобрат релевантноста на резултатите од пребарувањето, давајќи приоритет на оригиналната содржина и автентичните прикази наспроти рециклираните информации што се чини дека се среќаваат насекаде низ агрегаторските портали.
Измените се имплементираат преку две ажурирања, едното е веќе во тек, дедека другото треба да се случи во текот на следните неколку недели, се информира во објавата во којашто беа најавени и некои ажурирања што го засегаат рангирањето на резултатите од пребарувањето.
„Знаеме дека содржините што се чини дека се дизајнирани да привлекуваат кликови наместо да ги информираат читателите не им користат на луѓето. Па, така, почнувајќи од следната недела за корисниците на пребарувачот на англиски јазик, на глобално ниво, воведуваме низа подобрувања во [пребарувањето] Search, за да им олесниме на луѓето да ја најдат корисната содржина создадена специјално од и за луѓе“, велат од Google.
„Ова ажурирање ќе помогне во тоа неоригиналните содржини со низок квалитет да не се рангираат високо во пребарувањето, особено кај [пребарувањето] онлајн едукативни материјали, но и кај содржини за забава, купување и оние поврзани со технологијата“, се вели во блогот. Наскоро ќе следи и второ ажурирање што ќе го олесни пронаоѓањето висококвалитетни, оригинални критики/прикази. Овие ажурирања би можеле да бидат корисни за оние кои го користат хакот од Reddit за филтрирање на бескорисните веб-локации во резултатите од пребарувањето и да ги заменат со вистински прикази/оцени дадени од вистински луѓе.