Како што беше најавено, НАСА денес ги објави 13-те региони потенцијални кандидати за слетување на мисијата Артемис 3 – сите во близина на лунарниот Јужен пол. Секој од регионите содржи повеќе потенцијални места за слетување за Артемида 3, која ќе биде првата од мисиите Артемида која со себе ќе понесе и човечки екипаж до површината на Месечината и назад. Изборот на регионите значи дека сме еден огромен чекор поблиску до враќањето на луѓето на Месечината, за прв пат по мисијата Аполо 17 во 1972 година.
НАСА ги идентификуваше следните региони како кандидати за слетување на Артемида 3 на Месечината: Фаустиниевиот Процеп А, врв во близина на Шеклтон, Поврзувачки гребен, Продолжетокот од истиот поврзувачкигребе, де Герлахов Процеп 1, де Герлахов Процеп 2, масив де Герлах-Кошер, Хаворт, Масив Малаперт, Бета плато Лајбниц, Процеп Нобил 1, Процеп Нобил, и Амундсенов Процеп.
Секој од овие региони се наоѓа на шест степени географска широчина од лунарниот Јужен пол и, сите одделно имаат различни геолошки карактеристики. Меѓусебно, регионите обезбедуваат опции за слетување за сите потенцијални можности за лансирање на мисијата Артемида 3. Специфичните места за слетување се цврсто поврзани со прозорецот за лансирање, па така изборот на повеќе региони ќе обезбеди флексибилност за лансирање во текот на целата годината.
При изборот на регионите, тимот научници и инженери од НАСА користеше податоци од лунарниот извидувачки орбитер на НАСА, а консултираше и повеќе публикации и наоди направени во текот на изминатата деценија. Покрај разгледувањето на достапноста на прозорецот за лансирање, тимот ги проценуваше регионите врз основа на нивната можност за тие да се приспособат за безбедно слетување, користејќи критериуми што вклучуваат косина на теренот, олеснета комуникација со Земјата и, секако, осветленост на теренот. За да се одреди пристапноста, тимот ги разгледа и комбинираните можност на ракетата Space Launch System, вселенското летало Орион и системот за човечко слетување Starship обезбеден од SpaceX. Сите разгледувани региони се научно значајни поради нивната близина до лунарниот Јужен Пол, кој е област која содржи трајно засенчени региони богати со ресурси и со терен ште е сè уште неистражен од луѓето.
Тимот за анализа ги земал предвид и другите критериуми за слетување со специфичните научни цели на Артемида 3, тука имајќи ја предвид и потребата мисијата да се спушти доволно блиску до регион со трајна сенка за да му се овозможи на екипажот да спроведе прошетка на Месечината, а истовремено да го ограничи нарушувањето при слетувањето. Ова ќе му овозможи на екипажот да собира примероци и да спроведе научна анализа за длабочината, дистрибуцијата и составот на водениот мраз чиешто присуство беше потврдено на Јужниот пол на Месечината.
Сите 13 региони содржат локации кои обезбедуваат постојан пристап до сончева светлина во период од 6,5 дена, колку што е планираното времетраење на површинската мисија Артемида 3. Пристапот до сончевата светлина е критичен за долгорочен престој на Месечината, бидејќи обезбедува извор на енергија и ги минимизира температурните варијации.
Откако овие 13 региони се идентификувани, сега ќе следат пошироки научни и инженерски проценки во целата научна заедница преку конференции и работилници на кои со поконкретни информации ќе бидат подетално проценети предностите за секој од регионите. Оваа повратна информација ќе го формира изборот на локации во иднина, а НАСА може да идентификува и дополнителни региони за разгледување.
Конечните места на слетување ќе бидат познати откако в НАСА и SpaceX ќе ги одредат точните датуми за лансирање на мисијата, кои ги диктираат траекториите на летоти и условите на местото за слетување.