Изданијата на Windows OS имаат нешто заедничко со филмовите од серијалот Ѕвездени патеки – секоe второ издание се чини дека има проблеми со приемот во јавноста (читај “тапа”). Windows 7 воглавно беше добро примен и ценет по лансирањето во 2009 година, слично како и Windows 10 по неговото официјално претставување во 2015 година. Но, Windows 8, остана “чудното” средно дете кое се обиде да направи огромни промени во корисничкиот интерфејс во 2012 година, но не успеа.
Од почетокот на следната година последното големо ажурирање на овој OS, верзијата Windows 8.1, официјално ќе ја остане без поддршка. И Мајкрософт едвај чека да ви каже за тоа.
Како што известува The Verge, секој што (по некое чудо) сè уште користи Windows 8.1 ќе добие известувања за крајот на ажурирањата за овој софтвер во текот на следниот месец. Тие ќе имаат рок до 10-ти јануари да најдат нов оперативен систем или ќе се соочат на интернет без резервна копија за безбедносните ажурирања.
Транзицијата е секогаш непријатна, компјутерите што сè уште работат со Windows 8.1 можеби нема да можат да ги исполнат минималните барања за поддршка на Windows 11, како што Мајкрософт ферски си признава. Од друга страна компанијата сè уште го нуди на пазарот Windows 10, којшто помалку пребирлив за спецификациите на хардверот со мала, но и неговиот животен век на поддршка официјално ќе заврши во 2025 година.
Уште при лансирањето Windows 8 веднаш предизвика поделби, најмногу поради радикалното вклучување на корисничкиот Metro интерфејс што беше во многу позајмен од Windows Phone, и којшто ја нагласува функционалноста на екранот на допир многу пред повеќето корисници да бидат подготвени да го прифатат неговото присуство на ‘стандардните’ PC и лаптоп компјутери.
Мајкрософт всушност се обиде да создаде унифициран систем што ги интегрира и конвенционалните десктоп апликации и мобилните апликации, но тоа баш и не функционираше. Windows 8.1, објавен следната година, претставуваше солидна закрпа наменета за решавање на некои од овие проблеми, особено во поглед на тоа што овозможи пофлексибилен почетен екран со полесен пристап до поконвенционалната работна површина на Windows.
Но, дотогаш осмицата веќе ја биеше лош глас, па добар дел од корисниците решија да останат на Windows 7. Технички поддршката за Windows 8 прекина уште во 2016 година, бидејќи Мајкрософт апелираше и туркаше кон примена на функционалноста и безбедносните закрпи од верзијата 8.1.
StatCounter известува дека корисниците на Windows 8 и Windows 8.1 чинат само 4,42% од светските корисници на Windows, едвам нешто повеќе од корисниците на многу постариот XP. За разлика од ова постарата итерација Windows 7, за којашто поддршката беше прекината уште пред повеќе од две години, сè уште има речиси три пати повеќе корисници од осмицата.
Интересно е што состјбата на пазарот со Windows 11 по неговото претставување е слична со онаа од почетоците на Windows 8, иако не до толку изразена. Но, сепак се чини дека добар дел од корисниците се двоумат околу примена на најновата надградба. Најголем дел од корисниците на Windows сè уште не креваат рака од добрата 10-ка. Во моментов мошне мал процент корисници се решиле да преминат на 11, едвај нешто повеќе од 10% од корисничката база, што е сè уште помалку од вкупниот број корисници на Windows 7!