Nvidia си плати 5,5 милиони американски долари казна откако не успеа да докаже како во нивната квартална заработка за 2018 фискална година се нашла и мошне значителна сума заработена од трендот на копање криптовалути. Обвинението беше подигнато од американската Комисија за безбедност и размена на хартии од вредност – КБР (Securities and Exchange Commission).
Производителот на чипови тврдел дека материјалната добивка се должи на пораст на нивниот гејминг бизнис. Правилата на КБР ги задолжуваат компаниите да го откријат потеклото на заработката ако таа е постигната по шпекулативен или ризичен пат, со што би им се обезбедила можност на инвеститорите за донесување на информирана одлука за тоа дали работењето на компанијата е показател за нејзините перформанси во иднина. Попрецизно, според американската КБР, Nvidia го прекршила Дел 17(а)(2) и (3) од американскиот Закон за хартии од вредност од 1933 година и одредбите за транспарентност на американскиот Закон за размена на хартии од вредност од 1934 година.
Одредбата од американската КБР вели и дека пропустите направени од Nvidia при доставување на материјални информации за растот на нивниот гејминг бизнис биле погрешни, со оглед на тоа што Nvidia дала изјави за тоа како другите делови од бизнисот на компанијата биле во движени од побарувачката за крипто, создавајќи впечаток дека криптокопањето и не влијаело нешто особено врз гејминг бизнисот на компанијата.
Како појава, рударењето односно копањето на криптовалути почна да се расте во 2017 година. Како рентабилен начин за ископување криптовалути, корисниците започнаа да ги користат графичките процесори за извршување на повторувачките задачи што се дел од процесот на ископување криптовалути. Во февруари 2018 година, на пример, Nvidia објави рекорден приход од 2,91 милијарди американски долари (пораст од 34%) во четвртиот квартал од годината. Во тоа време, цената на биткоинот беше околу 9500 американски долари. Се работи за огромен скок на вредноста на криптовалутата со оглед на тоа што една година претходно вредноста на биткоинот беше 1500 американски долари.
Неможноста на Nvidia за транспарентно објаснување за потеклото на заработката ги лишила инвеститорите од критични информации со коишто тие би можеле да направат соодветна проценка за бизнисот на компанијата во клучен сегмент на пазарот, изјавила Кристина Литман, шеф на Одделението за крипто средства и кибер прашање при КБР. Сите издавачи, вклучително и оние кои бараат можности кои вклучуваат нова технологија, мора да се погрижат нивните обелоденувања да бидат навремени, целосни и точни. Како што потсетила таа, сите компании, вклучително и тие коишто се впуштаат во потрага за заработка на полето на новите технологии, мораат да понудат транспарентен, целосен и точен извештај за нивната активност.