Здраво ЕМИТЕР,
Имам автомобил Рено Канго кој го користам за службени работи. Возилото го купив на старо. Имам еден проблем: педалата за спојката (куплунгот) е многу тврда и кога го возам возилото преку целиот ден понекогаш ме заболува левата нога. Дали е тоа нормално или се работи за некаков дефект? Ако е потребно, ве информирам дека автомобилот има дизелски мотор. Ви благодарам на одговорот.
Марко Јанковки,
Почитуван Марко,
Со вашето возило све е во ред и нема никакви проблеми во однос на спојката (кумплунгот). Вашето возило е опремено со сува едноламеласта фрикциона спојка со тањираста пружина на притисната плоча. Имено, дизелските мотори со иста или слична силина како бензинските имаат околу два пати поголем вртежен момент на моторот отколку бензинските мотори. Тоа значи дека потребна е околу два пати поголема нормална потисна сила врз ламелата за да може таа да го пренесе тој момент. А за тоа е потребна скоро два пати “посилна” тањираста пружина која се наоѓа во корпата на притисната плоча. А како преносниот механизам (од педалата до притисната плоча) има природно ограничен и ист од на педалот од спојката како кај бензинските мотори а заради едноставност отсуствува сервомеханизам за педалот на спојката (засилувач на сила), тоа природно и нормално значи отпорот на педалот од спојката кај вашиот мотор да е околу два пати поголем од колку кај “еквивалентните” бензински мотори. Дефинитивно, Вашата спојка (кумплунг) е сосема исправна и немате никакви проблеми со него. Слободно и безгрижно користете си го Вашиот автомобил.
Томе Скендеровски