Емитер 204 - 4/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Постојат само мал број луѓе или фирми што оставиле траен печат во историјата на аудио техниката. James Bullough Lansing, односно фирмата JBL, секако спаѓаат во тоа избрано друштво. Иновативниот Лансинг уште во 1927 година започнал да произведува звучници, чиј квалитет веднаш бил препознаен на пазарот, носејќи му голем углед. Подоцна, фирмите Altec Lansing и JBL продолжиле со развојот на квалитетни звучници, ширејќи го својот асортиман и стекнувајќи се со голем респект кај професионалците, но и кај аудиофилите.
Секое работно утро, по пристигнување во канцеларијата, го започнувам со три активности: свежо кафе, вклучување на аудиосистемот и проверка на пораките што пристигнале со електронска пошта. Следејќи ја опишаната рутина, втората недела од ноември започна со писмо од уредникот на Емитер со кое се дефинираат роковите за доставување текст за новиот број на списанието. Секогаш одмерен и резервиран, уредникот го завршува писмото со зборовите дека очекува креативност на само во текстот, туку и при изборот на темата...
Токму ваквиот пристап е крајно обврзувачки затоа што обврзува без конкретна обврска и те повикува да дадеш сè од себе во името на креативната пишувачка слобода. И не дека тековните обврски се проблем, имајќи го предвид нашето пандемиско и политичко секојдневие кое се погрижи професионалните ангажмани да се работат со фракција од менталните и други капацитети, туку токму таквото секојдневие ве(ме) доведува во состојба на рамнодушност за речиси сè, па и за она што отсекогаш било мотив и движечка сила.
Размислувајќи на тема по дадената задача, сакав да се осврнам на некој што оставил белег во историјата на аудиодизајнот и верната репродукција на звук, ја следел својата цел и не потклекнал дури ни во најтешките моменти и продолжил напред со нова енергија. Некој чие наследство и белег се толку значајни, а водечката идеја толку силна и инспиративна што и денес е присутна во креациите што го носат неговото име.
Ајконик (Iconic) во студиото на Лес Пол (Les Paul)
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.