Рубрика: Аудио и видеотехника
Новата професионална ТВ-опрема од Sony претставена во Скопје
Автор: Милчо Узунов
Објавено на 14.12.2021 - 13:00

НОВИ модели на камкордери од програмата на SONY, и презентација на новата серија професионални видео свичери (видео миксети) од фамилијата на XVS.

Со поддршка на АВЦ ГРУП од Скопје, SONY организираше промоција на своите нови производи од палетата на камкордери, студиски камери и видео свичери (видео миксети).

Комплексните протоколи и нестабилната ситуација со пандемијата, сепак не ги спречи големите компании да ги презентираат своите нови производи. И покрај тоа што поради пандемијата, не се одржа IBC 2021 – Amsterdam,  најголемиот саем на професионална аудио и видео продукциска опрема, компаниите најдоа начин како да ги покажат своите производствени новитети. Пример за ова беше презентацијата на новите SONY производи од професионалната класа, настан организиран во МКЦ од страна на генералниот увозник за Северна Македонија, АВЦ ГРУП Скопје кој се одржа на 9-ти декември. SONY го откажа овогодинешното присуство на IBC 2021 меѓу првите компании, сметајќи дека поради пандемијата посетеноста ќе биде мала. SONY вообичајно секоја година имаат закупено цела хала во која покрај производите, се презентираат и цели продукциски сетови на кои можеше да се види комплетна продукциска линија, текот на продукцискиот процес (workflow) во кои се применети новите авотматизирани методи.

Со подршка на АВЦ ГРУП од Скопје, SONY во Младинскиот Културен Центар, ги претстави новите студиски сет камери, камкордери, роботизирани камери (PTZ),  а главниот фокус беше на новата серија професионални видео свичери (видео миксери) од серијата XVS.

 

ВИДЕО КАМЕРИ

Од серијата на професионални студиски камери (камерни ланци – системи) беа презентирани моделите SONY HDC-3100 и SONY HXC-FB80. Овие модели имаат подобрени функции и нови можности кои беа презентирани на овој настан. Да потсетиме дека HDC-3100 e дел од новата серија студиски камерни ланци, кои покрај HDTV можат да работат и во UHD форматот. Базирани на 2/3” CMOS технологијата на сензорот за слика (image sensor), овие камери овозможуват високо квалитетна електронска слика, со што сè повеќе сe неизбежен дел од големите телевизиски системи ширум Европа.

Лево SONY HDC-3100 и десно SONY HXC-FB80

SONY HDC-3100

Еден од новитетите кој е имплементиран кај овој модел е таканаречениот напреднат систем за фоукс-асистенција (Rich Focus Assist). Имено, кај високите резолуции HDTV и UHD, фокусот е навистина тешко да се детерминира на малите 7“ дисплеи од системските студиски камери, па овој новитет овозможува прикажување на дополнителен фокус-мерач, кој помага при нагодување на фокусот. Подобрувања има и во CCU единицата (Camera Control Unit) каде покрај стандардниот досега користениот LEMO приклучен конектор, воведена е можност за користење и на Triax конектор, кога системот работи во HDTV резолуција на електронската слика, како и работа со IP протокол.

HDCU-3100 контролна единица за  HDC-3100 студиската камера

За разлика од овој модел, моделот HXC-FB80 е новиото издание на веќе познатиот комерцијален студиски камерен ланец HXC-D70, кој можеше да работи во два режинма и тоа во SD (Standard Definition) и HDTV (High Definition TV). Заменикот на овој многу продаван модел сега пак е насочен да работи во HDTV и UHD резолуција, со што повторно на пазарот со својот квалитет и цена е на првото место за избор на студиски систем камери кои не бараат луксузна премиум продукција.

SONY HXC-FB80

Изведбата пак на приклучниот конектор може да биде по желба на клиентот, и овој модел може да се испорача со LEMO, Triax или Neutrik LC конектор.

Покрај студиските камери, беа презентирани и ENG камкордери SONY PXW-Z280 и ILME-FX6. Всушност FX-6 моделот е новата генерација на мали камкордери кои се користат во играната телевизиска продукција, нудејќи перформанси на филмските дигитални камери. Овој модел е базиран 35mm CMOS сензор за слика, кој дава резолуција од 12,9 милиони точки.., или 10,2 ефективни точки (пиксели) на електронската слика. Има осетливост на светлина ISO 800/12800 и неверојатен варијабилен ND филтер од 1/4 до 1/128. Малиот и компактен дизајн на овој камкордер го прави идеален за продукција на телевизиски серијали, документарни филмови, креативни аудиовизуелни дела итн.

Лево ILME-FX6 и PXW-Z280  десно

Камкордерот PXW-Z280, или веќе познат како Z280-ка е моментално најбараниот камкоредер помеѓу продукциските и телевизиските куќи. Овој модел е замена за познатиот PMW-EX1r модел, кој беше најпродаван модел кај средната класа на ENG камкордери. Составен од три 1/2“ Еxmor-E CMOS сензори за слика во 4К резолуција, претставува прв модел во светот на ENG камкордерите кој има UHD резолуција со три сенозири за електронската слика. Задржувајќи ја компатибилноста овој камкордер користи ист тип на батерии како неговиот претходник и има слични димензии. Надополнет е со варијабилен ND филтер, автоматизиран фокус кој може да следи различни луѓе и притоа истиот да го контролира. Има вграден Wi-Fi модул, кој овозможува стрим како на интерна локална мрежа, така и на интернет стриминг платформите, како што се Youtube, Facebook и др. За овој модел постојаната грижа на SONY за своите камкордери им нуди на корисниците нови подобрени софтверски надополнувања со кои тие ги подобруваат своите перформанси, и може бесплатно да се вчита од веб страната за поддршка.

Од програмата на роботизираните систем камери или таканаречените PTZ камери, беа прикажани новите модели: BRC-X1000 и SRG-X400. Станува збор за 4К камери кои се користат во професионалната телевизиска продукција. Автоматизираните системи кои денеска се повеќе се користат при продукција на информативна програма, имплементираат PTZ систем на камери. Телевизиските куќи пак со овие системи имаат брз и безгрешен систем за продукција, кој може да го управуваат дури само со две технички лица.

Лево горе BRC-X1000 и лево долу SRG-X400

BRC-X1000 e UHD камера која има одлични перформасни базирана на Exmor-R CMOS сензор за слика. Леќа со 12х оптички зум. Агол на ротација по х оската од 170°, и +90°/-30° по y оската.Овој модел нуди комплетна компатибилност со Webex конференцискиот систем на Cisco кој денеска се користи ширум светот за ONLINE конеференции. Помалиот модел од SRG серијата пак е компактна варијанта на 4К камера која може да се користи во многу различни видео системи покрај телевизиската продукција. Има 12x оптички зум и има можност за користење на NDI протоколот, со што имплементацијата во сложените системи а максимално поедноставена, при што преку еден мрежен спроводник (кабел), може да се обезбеди слика во HDTV резолуција со минимална латенција и контрола на позицијата (x и y коррдинатите).

Лево BRC-X1000 и SRG-X400 десно

 

ВИДЕО СВИЧЕРИ

Вистинско изненадување на овој настан беше презентацијата на професионалниот видео свичер (видео миксер) XVS-G1 од новата фамилија на SONY видео свичери XVS. Одличниот и компактен дизајн како и распоредот на контролите, нуди удобна и лесна продукција. Оваа серија е всушност замена за MVS-3000 моделите кои беа најдобри во нивната класа на видео свичери со 2.5ME (Mix Effects). Покрај зголемениот број на влезно-излезни линии, овој нов модел, нуди работа во повеќе формати, интерен (самостоен) систем за вертикална синхронизација и уште многу други подобрени перформанси. Покрај стандардните картички за дополнување на влезните и излезните линии со SDI форматот, може системот да се надоградати и со IP картички за зголемување на влезно-излезните линии. Новите процесорски единици GPU и FPGA нудат дури 4МЕ кога системот е ви 4К режим на работа, и до 8МЕ кога е во HDTV режим на работа.

XVS-G1 контролен панел

XVS-G1 контролен панел

Има можност дури и за имплементирање на 16 слика во слика (Picture in Picture) ефекти, кои можат да бидат поставени и во соодветна 3Д перспектива. Освен што контролата може да се реализира преку локален контролен монитор, овој модел има можност и за контрола преку интернет, со што се олеснува неговото нагодување. Дел од функциите исто така можат преку интернет да се контролираат и во одредени продукциски сетови, тоа може да се реализира од најразлични локации. Во себе има зголемена работна меморија дури до 32GB, при што има можност за репродукција и на видео датотеки. За разлика од MVS-3000 овој модел не го игнорира аудио стримот од SDI протоколот, односно врши едноставна обработка и на аудио сигналите со што значително е поедноставена неговата имплементација во телевизиските системи.

 И покрај големиот број на софтверски апликации кои се појавија на продукцискиот пазар, за користење на компјутерските единица во улога на видео свичери (видео миксети), класичниот концепт на видео свичер ќе остане уште долго на пазарот. Една од главните причини поради кои сеуште се користат тие е малата латенција на видео сигналот, што денеска кај SONY видео свичерите се мери во линии на една електронска слика (овој модел има само 12 линии латенција), додека софтверските апликации сеуште доцнат дури по 20, 50 или 75 цели електронски слики.

 

Термини и кратенки

PTZ – Pan Tilt Zoom скратено име на роботизиран систем на камера;
SD – (Standard Definition) поим за видео сигнал или електронска слика во висока резолуција (720 х 576 точки – пиксели);

HDTV – High Definition Television поим за видео сигнал или електронска слика во висока резолуција (1920 х 1080 точки – пиксели);
UHD – Ultra High Definition поим за видео сигнал или електронска слика во ултра висока резолуција (3160 х 2160 точки – пиксели);
Wi-Fi – (Wireless Fidelity) Безжичен протокол за мрежно поврзување;
CCD - (Charge-coupled Device) Технологија на изведба на сензор за електронска слика базиран на фото-диоди.
CMOS - (Complementary Metal-Oxide Semiconductor) Технологија на изведба на сензор за електронска слика базиран на FET транзистори.
EXMOR – Нова понапредна генерација на сензори за слика развиени од SONY кои се базираат на CMOS технологијата;
CCU – (Camera Control Unit) – Контролна единица за студиска камера;
SDI (Serial Digital Interface) – Протокол за транспорт на дигитален видео сигнал;
ND – (Neutral Density) Оптички филтер кој врши редуцирање на светлосниот флукс;
МЕ – (Mix Effects) Микс ефект;
GPU – (Graphics Processor Unit) Графичка процесорска единица;
FPGA – (Field Programmable Gate Array) Програмибилен логички чип кои може засебно да се нагодува според логичките потреби во дадениот систем.

 

Клучни зборови:
 Лево SONY HDC-3100 и десно SONY HXC-FB80

Лево SONY HDC-3100 и десно SONY HXC-FB80

SONY HDC-3100

SONY HDC-3100

HDCU-3100 контролна единица за  HDC-3100 студиската камера

HDCU-3100 контролна единица за  HDC-3100 студиската камера

SONY HXC-FB80

SONY HXC-FB80

Лево ILME-FX6 и PXW-Z280 десно

Лево ILME-FX6 и PXW-Z280 десно

Лево горе BRC-X1000 и лево долу SRG-X400

Лево горе BRC-X1000 и лево долу SRG-X400

Лево BRC-X1000 и SRG-X400 десно

Лево BRC-X1000 и SRG-X400 десно

XVS-G1 контролен панел

XVS-G1 контролен панел

XVS-G1 контролен панел

XVS-G1 контролен панел