Едно ново откритие укажува на тоа дека магнетизираната плазма има 10 уникатни фази. Откритието претставува сосема мал напредок, но сепак исчекор кон можноста за искористување фузиска енергија, онаа истата како на ѕвездите, некаде во иднината.
Плазмата е всушност материјалот од којшто се создадени ѕвездите. Магнетното поле во кое се ‘држи’ плазмата може да има мошне чудни ефекти на геометриските својства на атомите во неа.
Во истражувањето, чиишто резултати беа објавени во Nature Communications, научниците од одделот за енергетика при Лабораторијата за плазма на Принстон откриле нов начин за класификација на овие фази. Класификацијата би можела да помогне во постигнувањето на транзицискиот период помеѓу секоја од фазите, што пак може да ги поддржи локалните бранови побудувања.
Физичарите Хонг Кин (лево) и Јичен Фу (десно) со приказ на 10 фази на плазмата од нивниот труд објавено во Nature Communications
Хонг Кин (Hong Qin), еден од авторите на трудот вели дека “Трудот е само основна теорија, а техниката ќе го следи теоретското разбирање”.
Откритието на десетте фази на плазмата го означува првичниот развој во физиката посветена на истражување на плазмата. Првиот почетен чекор на секое научно истражување е класификација на објектите што се истражуваат. Секоја нова шема на класификација ќе води кон понатамошно подобро теоретско разбирање кое ќе биде проследено со технолошки напредок.
Во процесот на фузија доаѓа до спојување на лесните елементи во форма на плазма и до ослободување на огромни количини на енергија. Истражувачкиот тим покажал дека брановите во магнетизираната плазма постојано преминуваат во 10 различни форми наречени “тополошки фази”, кои се класифицирани, секоја одделно, според формата на бранот. Најважниот момент во трудот е всушност идентификацијата на секоја од тополошките фази. Според Јичен Фу (Yichen Fu) еден од авторите на трудот, врз основа на овие фази може да се идентификуваат потребните услови за екситација на локализираните бранови. Но, начинот на којшто ова сознание ќе може да се примени во проучувањето на фузиската енергија, допрва треба да се изнајде.
Откритијата може да придонесат за некоја идна примена на овие егзотични побуди врз плазмата во лабораториски услови но и во вселената. Следен чекор во истражувањата би бил да се открие што толно можат да направата овие ексцитации и како тие може да се применат.