Рубрика: Астрономија и астронаутика
Фото на неделата: Првиот контролиран лет на друга планета
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 21.04.2021 - 08:45

Сенката на Ingenuity на површината на Црвената планета. Фотографијата е направана од камерите на хеликоптерот за време на првиот контролиран моторен лет. (NASA/JPL)

Како што веќе известивме, понеделникот се случи историскиот лет на малиот хеликоптер Ingenuity низ атмосферата на Марс. Се работи за вистински историски момент, бидејќи се работи за прв контролиран лет на еден воздухоплов во атмосферата на друга планета, различна од Земјата. Потврдата за успехот пристигна во 12 часот и 46 минути по македонско време.

Хеликоптерот, којшто се напојува со соларни ќелии, за првпат се вивна во воздухот на Марс во 12 часот и 33 минути по локално средно соларно време (марсовско време), односно во 9 часот и 34 минути по македонско/средноевропско време. Времето беше избрано затоа што тимот од мисијата одговорен за Ingenuity пресмета дека во тоа време хеликоптерот ќе располага со оптимално ниво на енергија а и условите за лет ќе бидат оптимални. Висиномерот покажа дека хеликоптерот го постигна препорачаниот плафон на лет од 3 метри и се одржа во стабилна лебдечка состоба во траење од 30 секунди. Потоа започна да се симнува, слетувајќи назад на површината на Марс по, сè на сè, 39,1 секунди лет. Повеќе детали за летот тимот ќе добие во следните неколку дена.

Сенката на Ingenuity на површината на Црвената планета. Фотографијата е направана од камерите на хеликоптерот за време на првиот контролиран моторен лет. (NASA/JPL)

Првата демонстрација на летечките способности на хеликоптерот беше целосно автономна – пилотирањето се одвиваше согласно онборд системите за управување, навигација и контрола коишто се управуваат според алгоритмите коишто ги разви тимот на JPL. Поради огромната оддалеченост од Црвената планета, од стотици илјади километри, којашто повлекува и комплициран пренос на податоци со користење на сателити и на длабинската вселенска мрежа на НАСА, управувањето со Ingenuity е невозможно да се одвива со џојстик и во реално време.

Од НАСА објавија дека “аеродромот” од кадешто полета Ingenuity ќе го носи името на Браќата Рајт. Како куриозитет, Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) при ООН на НАСА ија додели официјалната ICAO ознака за хеликоптерот – IGY, и повикувачкиот знак INGENUITY. Согласно со правилата на ICAO за ознаки на дестинациите, локацијата на летот исто така доби церемонијална локална ознака JZRO којашто го означува кратерот Језеро.

Клучни зборови: