Шпанците создадоа безелисна ветерна турбина. Поставувањето на овој тип “ветерници” е подеднакво едноставно како и она на традиционалните, можеби и полесно, но за разлика од нив овој вид турбини немаат негативно влијание врз локалниот жив свет и околината.
Еколошки и ефикасни, ветерниците се симбол на чиста енергија, но во реалноста нивното влијание врз животната средина е сепак штетно. Голем број истражувања потврдија дека ветерните турбини со нивните елиси претставуваат голем ризик за птиците, но исто така и за другите животински видови кои ги вознемирува инфразвукот – звучните бранови со ниска фреквенција, кои се нечујни за човечкото уво, а кои овие уреди ги емитираат додека работат.
Алтернативата на класичната ветерна турбина која доаѓа од Шпанија, е дело на стартап компанијата Vortex Bladeless. Нивниот функционален прототип на безелисна турбина на ветер произведува чиста енергија без повеќето од споменатите проблеми на традиционалниата ветерна елиса.
Предложениот систем се состои од цилиндар со височина од околу 3 метри, фиксиран врз основа вертикално, со помош на јак еластичен кабел. По изложување на ветер цилиндерот почнува да вибрира напред – назад и притоа движејќи се генерира електрична енергија. Иако структурата наликува на облакодер, цилиндарот функционира на сосема спротивен начин – при стимулација од ветрот, тој “резонира” со него и ги засилува осцилациите, генерирајќи мини-вртлози околу него кои го потпомагаат вибрирањето.
Алтернаторот ги “фаќа” движењата на цилиндарот и ги претвора во електрична енергија. Во споредба со традиционалните турбини, Vortex Bladeless носи повеќе предности: ги нема големите и грозни перки што го ораат небото, не влијае на врз другите ветернички системи (што е проблем со класичните ветерници) и затоа може да се инсталира секаде без да се води особена сметка околу дистанцирањето на ветерните централи, и конечно, овој иновативен тип на ветерни турбини е речиси безшумен, со извонредно ниски звучни емисии кои инаку би ги вознемирувале луѓето или животните.
Турбината е веќе одобрена од норвешката агенција за енерцетика, која го смести Вортекс меѓу десетте највлијателни стартап компании во светот во овој сектор. Според Давид Јанес, пронаоѓачот на “безелисната турбина“, решението претставува идеално надополнување на фотонапонските панели, со оглед на тоа што во повеќето региони на планетава струењето на воздухот се јавува на зајдисонце.
Решението достапно во моментов малечко и произведува мала количина на електрична енергија, но целта е да изнајде индустриски партнер што ќе ја поддржи изградбата на поголеми постројки. Според пресметките, еден цилиндар со височина од 140 метри би можел да произведе електрична енергија со моќност од 1 MW.