Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 16.2.2021
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 16.02.2021 - 17:15

Во денешниот времеплов го славиме роденденот на данскиот хемичар Јулиус Томсен, и го одбележуваме денот кога започна да се применува еден од позначајните договори за спречување и намалување на климатските промени, Протоколот од Кјото. На денешен ден е патентиран најлонот, била отпечатена гробницата на Тутанкамон, а пред точно 55 години е одржана и една формална церемонија за ENIAC...

 

16.2.1826 – Роден е Јулиус Томсен

Јулиус Томсен (Julius Thomsen) е дански хемичар, најпознат по тоа што прв ја воочил потребата за вметнување на нова периода во периодниот систем на елементи, со валентен број нула. До ваков заклучок дошол поттикнат од тоа што некои од периодите имале позитивна а некои негативна валентност, па претпоставил дека мора да постои уште една периода на преминот од позитивна кон негативна валентност. Исто така, Томсен го предвидел елементите сместени во оваа периода веројатно имаат атомска тежина 4, 20, 36, 84, и 132.

Подоцна неговата хипотеза била потврдена. Лорд Рејли и Вилијам Ремзи успеале да ги дестилираат од воздухот елементите неон, аргон, криптон и радон, откривајќи ги благородните гасови.

Томсен е познат и по Томсен-Бертеловиот принцип во термохемијата, гранка што ги изучува хемиските реакции придружени со промена во температурата, како и процесите при коишто се очекува најголемо создавање на топлина. Томсен ја одредил генерираната топлина за преку 3500 различни хемиски реакции. (Н.С.)

 

16.2.2005 – Започна примената на Протоколот од Кјото

Протоколот од Кјото на Рамковниот договор на Обединетите нации во врска со климатските промени,  претставува меѓународен договор чијашто цел е намалување на емисиите од гасови што придонесуваат во глобалното затоплување.

Протоколот, потпишан од 41 земја и од ЕУ, повикува на намалување на емисиите на шест гасови одговорни за ефектот на стаклена градина на нивоа помали за 5,2% под нивоата од 1990, во периодот од 2008 – 2012.

Протоколот од Кјото се смета за еден од најзначајните донесени меѓународни договори за санирање на климатските промени иако критичари ја доведуваат под знак прашалник неговата ефективност. (Н.С.)

 

16.2.1946 – Формална церемонија за ENIAC

Два дена по официјалното претставување на ENIAC е одржана формална церемонија со цел на демонстрирање на лидерската позиција на Муровото училиште  на полето на електронските дигитални компјутери, и армијата која стоеше зад финансирањето на целиот овој проект.

Шест месеци по оваа церемонија, Екерт и Маучли дадоа отказ во Муровото училиште. Со оглед дека не беа вољни да се откажат од авторските права, во Муровото училиште сметаа дека нивната поврзаност со Универзитетот мора да се прекине. (И. З.)

 

16.21937 – Патентиран е најлонот

Патентот за супстанцијата најлон му бил одобрен на Валас Каротерс (Wallace Carothers). Тој го развил новиот материјал во 1935 година додека работел во компанијата DuPont.

Најлонот е еден од најшироко користените полимери денес. Првата комерцијална употреба на најлонот била за влакна на четкичка за заби. Но, како производ со најголем успех ќе се покажат женските чорапите од најлон.

Најлонските чорапи за првпат биле претставени на Светската изложба во 1939 година и станале популарни преку ноќ/ Првите 4000 пара биле продадени за замо 3 часа. (Н. С.)

 

16.2.1923 – Отпечатена е гробницата на Тутанкамон

Погребната одаја на Тутанкамон (познат и како Тутанкамен и Тутанкамун) ја отпечатил и отворил британскиот археолог Хауард Картер (Howard Carter). Во целост зачуваната гробницата била откриена претходната година и откритието се слави како едно од најзначајните придонеси за египтологијата.

Првиот знак за постоењето на оваа гробница во Долината на Кралевите бил откриен на 4 ноември 1922 година,  а втората запечатена порта на гробот археолозите ја откриле дури на 26 ноември. По правење на мала дупка во вратата, Картер со свеќа во раката ѕирнал во внатрешноста на гробницата исполнета со скапоцености. Но, целосното отворање на гробот ќе се случи некој месец подоцна.

Во следните 10 години Картер ќе го надгледува вадењето на содржината на гробницата, а артефактите во најголем дел ќе бидат преселени во Египетскиот музеј во Каиро. (Н. С.)

Клучни зборови:
Данскиот хемичар Јулиус Томсен

Данскиот хемичар Јулиус Томсен 

Данскиот хемичар Јулиус Томсен

Данскиот хемичар Јулиус Томсен 

Говорот на Ал Гор на конференцијата во Кјото во декември 1997 година

Говорот на Ал Гор на конференцијата во Кјото во декември 1997 година

Валас Каротерс и неговото откритие

Валас Каротерс и неговото откритие

Претставување на женските чорапи од најлон на Светската изложба во 1939 година

Претставување на женските чорапи од најлон на Светската изложба во 1939 година

Претставување на женските чорапи од најлон на Светската изложба во 1939 година

Претставување на женските чорапи од најлон на Светската изложба во 1939 година во Сан Франциско

Хауард Картер над саркофагот на Тутанкамон

Хауард Картер над саркофагот на Тутанкамон

Златната маска на Тутанкамон

Златната маска на Тутанкамон

Сè уште недопрениот печат на погребната одаја на Тутанкамон

Сè уште недопрениот печат на погребната одаја на Тутанкамон